Бракот е грешна одлука ако интуицијата ви кажува 6 работи – кои се тие?
90% од луѓето кои се развеле, тврдат дека знаеле дека не треба да влезат во тој брак, само ја игнорирале интуицијата. Како да не ја направите истата грешка?
Ова се 6 сигурни знаци дека бракот е грешна одлука.
Подобро е да кажете „не“, ако интуицијата ви вели дека...
1. Партнерот е неуреден и не се грижи за себе
Како што личноста се однесува кон себе, така се грижи и за другите. Колку и да делува површна причина, негрижата за себе е доволна за сомнеж дека партнерот во иднина ќе биде подготвен да се грижи за некој друг.
2. Тој/таа не е доволно „способен/на“
Успехот и способноста може да бидат пресудни за врската. Заборавете на филмската љубов. Љубовта во вистинскиот живот треба да ја оценувате со отворени очи.
3. Не сте задоволни сами со себе
Венчавката и заедничкиот живот нема да ве направат посреќни и позадоволни.
4. Не сте сексуално компатибилни
Хемијата во спалната соба е тесно поврзана со начинот на кој комуницирате и тоа може да го одреди целиот однос. Ако нема енергија, веројатно нема да ја има и кога ќе се наталожат деца, сметки, рати, кредити и животни предизвици.
5. Чувствувате дека врската пребрзо напредува
Не брзајте со бракот. Дајте ѝ шанса на врската да го преброди тестот на времето.
6. Одлуката за венчавка и брак ви се чини дека е туѓ избор
Бракот не е мала работа. Не дозволувајте мислењата на блиските или подалечните роднини и пријатели да ве натераат на него.
М. Д. | Црнобело