4-те најголеми стравови на мажите во сексот (18+)
Страв 2: Се плашат од прерана ејакулација. Кога ќе стигнат до врвот пребрзо и ќе ја остават партнерката на половина пат се чувствуваат неуспешно.
Ни изгледа како само жените да имаат сексуални стравови, околу тоа какво е нивното тело, дали се доволно активни при сексуалниот чин, дали треба да променат нешто, но вистината е дека и мажите имаат сексуални стравови.
Од квалитетот на сексот со должината на чинот, многу работи ги мачат и нив.
Најголемите машки стравови во сексот:
Страв 1: „Дали ја задоволувам?“
Најголем страв на мажите им е тоа дали партнерката ја задоволуваат добро, односно дали успеваат да ја доведат до оргазам. Ова особено важи кога немаат доволно сексуално искуство.
Страв 2: „Дали чинот трае доволно долго?“
Се плашат од прерана ејакулација. Кога ќе стигнат до врвот пребрзо и ќе ја остават партнерката на половина пат се чувствуваат неуспешно. Но, со пракса и дополнување со орален секс и прсти, тие дефинтивно можат да ја доведат партнерката до оргазам.
Страв 3: „Дали се плодни, кога подолго време не можат да направат бебе?“
Често се плашат да не забременат некоја девојка несакајќи, но се плашат и кога не успеваат да ја забременат својата партнерка со која сакаат да имаат дете.
Навистина нема потреба од страв, тоа е долг процес, а во случај ако е бесуспешен секогаш постојат медицински алтернативи.
Страв 4: „Дали половиот орган ми е премал?“
И мажите се срамат од своето тело, или делови од него исто како жените.
Иако веќе одамна е докажано дека голмината не е пресудна, некои мажи се несигурни во врска со ова.
Прочитајте и 3-те најголеми женски стравови во сексот (18+)
С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com