3-те најголеми женски стравови во сексот (18+)
Што ги мачи жените кога станува збор за сексот и самозадоволувањето? Кои двоумења им се вртат во умот, но не ги споделуваат со никого?
За работите поврзани со интимата сите сме многу ранливи и ретко кога собираме храброст да ги споделиме нашите двоумења со другите.
Но, што се крие во женскиот ум? Што ги мачи жените кога станува збор за сексот?
Страв 1: „Не сум сигурна дали ми е доволно тесен вагиналниот отвор“
Реалноста е дека мускулите на вагината се многу еластични и колку и да имате често сексуална активност вагината нема да стане поширока. Можеби само со породувањето, но и потоа со тек на време се враќа во форма.
Но, доколку сакате потесен отвор правете Кегелови вежби и бирајте ги позите внимателно, во некои од нив партнерот ќе има поголемо чувство на тесност.
Страв 2: „Дали нему му се допаѓа мојата техника на орален секс?“
Анксиозноста на оваа тема нема да ви помогне, наместо тоа релаксирајте се и импровизирајте, како што правите при танцување, тој ќе го цени тоа.
Плус ако забележите дека тој не е многу среќен поради вашите напори, тогаш размислете причината да не е тоа што оралниот секс го правите многу механички и без ентузијазам.
Ако партнерот гледа дека го правите тоа на сила, тогаш нема да ужива во процесот.
Страв 3: „Константно се самозадоволувам со помош на вибратор и страв ми е дека ќе станам зависна од тоа“
Тешко е дека може да создадете зависност, но ако редовно користите вибратор може навистина да се навикнете на стимулацијата со вибрации и потоа да ви биде тешко да доживеете оргазам на поинаков начин.
Партнерот, а ниту неговата рака нема да можат да ви го пружат истото задоволство, па затоа при соло сексот понекогаш користете само раце, можеби ќе ви биде потребно повеќе време, но ќе успеете да доживеете кулминација. Потоа истото ќе може да го повтори и вашиот партнер.
С. С. | Црнобело