Брак без секс?! (2)
Во првиот дел се запознавме со причините за брак без секс, во овој со решението. Младата жена која ќе израсне во такво семејство најчесто е...
...емотивно незрела и со својот партнер гради однос сличен како со својот татко.
Партнерот во главно го запознава уште во средно училиште, се забавуваат и за време на студиите, а подоцна врската ја крунисуваат со брак.
Мажите во ваквите врски се обично мирни, повлечени, нежни, срамежливи, чувствителни.
Кон партнерката се исклучително нежни и веднаш се повлекуваат доколку не им успее во сексуалниот чин да одат до крај. Се надеваат, баш како и нивната партнерка, дека проблемот ќе се реши сам од себе.
Двата партнера во ваква врска се „вечни студенти“, можеби не буквално, но тоа се личности кои го одолговлекуваат решавањето на егзистенцијалните прашања и често пати зависат од родителите на жената, како стамбено така и материјално.
Дали има лек за ваквите парови? Има.
Лекот на нашите простори е многу непопуларен - заедничка посета на психотерапевт, тоа е неопходно, бидејќи проблемот е од психолошка природа.
Типично, првото прашање на овие парови , кога ќе го посетат психотерапевтот ќе биде дали тоа само ним им се случува, бидејќи тие овој проблем го доживуваат како голем срам за кој не зборуваат со никого.
Обично малку ќе се опуштат кога ќе чујат дека тоа им се случува и на други парови, дека бракот без секс не е ретка појава и дека лечењето во најголем број случаи е крунисано со успех.
Значи добрата страна во целата приказна е тоа што колку и да се чини голем проблем бракот без секс, тој се решава.
Стручњаците, психотерапевти можат успешно да им помогнат на оние парови кои некогаш го имале тој проблем, а денес имаат деца и среќен потполн сексуален живот.