Тој е „вистинскиот“?
Реченицата од насловот би можела да гласи и „таа е вистинската“, бидејќи ситуацијата што ќе ја опишеме може да им се случи и на мажите и на...
...жените подеднакво. Се работи за следното: за некој повод, било да е од деловен, забавен или пријателски карактер, запознавате некоја нова девојка/момче. На прв поглед ви се допаѓа - веднаш ќе почувствувате како „нешто“ струи помеѓу вас.
Потоа со него/неа се среќавате уште неколку пати, секогаш за некој формален повод. Дефинитивно сте заинтересирани. Сепак, не е прилика, па обајцата чекате. Впрочем , вие сте возрасни луѓе, а не деца, па се контролирате и чекате.
Формалностите поминале: можете да се видите со личноста која толку ве привлекла, многу сте нетрпеливи, зошто – таа/тој е вистинската/вистинскиот.
Ќе се видите и ќе завршите во кревет - а, зошто да не? Доволно чекавте, а не сте деца па сега да се држите за рака и да го гледате залезот на сонцето. Ќе ви биде убаво.
Но, следното утро него/неа веќе го нема покрај вас и нема да ви се јави, ниту пак ќе покаже намера да стапи во контакт со вас...вие не знаете што да мислите. Навистина не знаете како да го протолкувате ова однесување.
Толкувањето е едноставно, впрочем се што тој/таа сакал било...секс. Ако ви рекол дека сака нешто повеќе, ве излажал, но поверојатно е дека не ви рекол ништо, а вие мислејќи дека „тој е вистинскиот“, така сте си го протолкувале неговото однесување.
Што да направите? Ништо - заборавете го. Очигледно не бил „тој вистинскиот“ и помеѓу вас не проструила љубов, туку минлива страст.
Заборавете го, но немојте да заборавите на лекцијата дека дали е „тој вистинскиот“ можете да заклучите дури откако ќе бидете извесно време во врска со него, а не по неколку интензивни погледи и страсно сонување.