Емоционални мажи

emocionalni-mazi-povekjeПонекогаш, сите имаме проблеми и потребни ни се повеќе обиди за да ги совладаме емоционалните препреки. Но, некои се плашат да се соочат со ваквите проблеми.

 

Кога станува збор за мажите, не им е лесно да се прилагодат емоционално, па ова се главните типови на т.н. „емоционални инвалиди“.

emocionalni-mazi

1. Зависник. Тој секогаш ќе бара нешто што ќе го одржува. Тој бара постојана возбуда и забава, а кога ќе се задоволи најчесто преминува на нова жртва.

Потребна му е потпора за да научи како да се справува со проблемите во животот, пред да го вклопи сопствениот живот со животот на партнерката.

2. Мамин син. Најважна врска е кога мажот може да го добие она што му го обезбедувала мајката. Маминиот син постојано ја споредува партнерката со мајка си.

Бара личност која ќе биде иста како неговата мајка, или пак потполно спротивна, во зависност од емоциите.

Ако неговата мајка се однесувала заштитнички, тој ќе бара да му „ги менувате пелените и да му го бришете носот“. Ако мајка му сакала да биде глава во семејството ќе бара самоуверена и грижлива жена.

3. Несигурен нарцис. Иако на почеток се чини дека е многу самоуверен, тој не може да поднесе шега на своја сметка, не може да поднесе некој да е подобар и поуспешен од него, мора да има најдобра жена, а ако се решите да го спуштите на земја ќе наидете на проблем.

4. Херој. Сака да биде со жена која е многу несигурна за да и помага, но тоа е само за да избегне соочување со сопствените проблеми. Кога таа ќе стане стабилна, костурот на неговата емоционална врска исчезнува и тој бара нова потпора. Бара жена која ќе прави да се чувствува силно, способно, мажествено и пред сè - нормално.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg