Стимулација за уживање

stimulacija-za-uzivanje-povekjeСтимулацијата на клиторисот носи задоволство кај секоја жена и мажите го знаат ова многу добро. Постојат повеќе типови за стимулација на клиторисот...

 

...од орална до мануелна и не се сите подеднакво добри.

Оралните стимулации се разликуваат меѓу себе, но мажите често мислат дека кога ќе го научат едниот начин – ја совладале комплетната техника, но не е баш така.

Како да постигнете стимулација која ќе ја предизвика вашата сакана?

1. Бакнувајте го клиторисот.

stimulacija-za-uzivanje

Тој е еден од најчувствителните органи на женското тело со бројни нервни завршетоци. Затоа треба да стимулирате нежно и внимателно. Со јазикот полека и нежно кружете околу него и кога ќе почувствувате дека таа сака повеќе преминете на самиот клиторис.

Вашите движења на почетокот нека бидат нежни и побавни, цело време еднакви затоа што промената на ритамот може да е непријатна. Кога таа ќе биде пред оргазам забрзајте ги движењата, но избегнувајте прецврсти движења. Можете да си помогнете со прстите за нејзино поголемо задоволство.

2. Размазете ја со нежна масажа на клиторисот.

Оралниот секс е фантастичен, но и обична рачна стимулација на клиторисот понекогаш е и повеќе од добредојдена. Тука важи истото правило – на почеток нежно, започнете со еден до два прста. За поголема возбуда започнете со кружни движења и побрзо движење на прстите горе – доле.

Најдобра позиција е кога таа лежи на креветот со телото, нозете и се долу, а вие сте на колена потпрени на земја. На дофат ви е нејзиното меѓуножје.  За посилни допири користете и лубрикант.

3. Обидете се со дупла стимулација.

Најдобра позиција за дупла стимулација е – таа лежи на стомак, а вие покрај неа. Прво добро возбудете ја со нежна масажа, потоа во вагината ставете еден или два прста. При тоа многу е важно вашата партнерка да е возбудена, за да не користите дополнителни лубриканти.

Истовремено движете ги прстите во вагината, а со палецот на истата рака стимулирајте го нејзиниот клиторис. При оваа стимулација важно е добро да се посветите на клиторисот, а прстите во вагината може и да мируваат одреден период.

Во некои случаи стимулацијата на клиторисот може да биде болна. Ако не знаете што точно да правите со него, дозволете партнерката да ве води.

На крајот на краиштата велат, ниту еден маж не знае да допре и задоволи жена рачно, како што таа умее сама.

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg