Дали сте пар кој нервира?

17-znaci-deka-ste-par-koi-site-gi-povekjeБи го изеле од што е сладок? Ма, навалете само внимавајте вашите пријатели да не почнат да го губат апетитот. Какви парови ја вадат околината од кожа?

 

1. Посебно нагласувате дека сте 3 години заедно и одвоено сте поминале само 3 ноќи.

17-znaci-deka-ste-par-koi-site-gi-nervira

2. Славите неколку годишнини: прв пат кога сте се виделе, прв сек, прв пат на заедничко летување – на кратко, секој месец имате некоја годишнина која гордо ја објавувате.

3. Имате заедничка мејл адреса, или заеднички Фејсбук (Маја и Горан Марковски), а не сте во брак.

4. На вечера со пријатели мора да седите еден до друг, да се храните меѓусебно, и секој залак да го зачините со бакнеж. Притоа не ви е јасно зошто другите на масата губат апетит.

5. Најмногу сакате да се дружите со други парови и ретко кога пријателите ги нарекувате во еднина – Бевме во кино со Горан и Весна. Одиме на роденден кај Мартин и Кате и слично.

6. На сите кои имаат љубовни проблеми им објаснувате како вие двајца се разбирате совршено добро, како никогаш не се карате, и на крај завршувате: Ќе видиш, и ти ќе најдеш некој како мој/а Дарко/Ана.

7. Во јавност се нарекувате со „срце“, „маче“, „душо“, „драга“, зборувате со гласови од цртаните филмови исклучиво во демунитив.

8. Сте се договориле со пријателите да одите на кафе и кога сте стигнале има само уште едно слободно столче, а вие сте во пар.

9. Навредени сте кога шефот најавува дека цел оддел ќе оди на излет, а другата половина не е поканета.

10. Сите разгледници, честитки, подароци ги потпишувате со вашето и неговото/нејзиното име.

11. Во текот на работниот ден разменувате минимум 3 СМС пораки, еден мејл и две гугуткања на мобилен.  Телефонското гугуткање не го ни придушувате. Нека знаат сите колку ве сака вашето маче.

12. Спиете исклучиво завиткани еден околу друг како болни коали. Пријателите ги убедувате дека поинаку не можете да заспиете.

13. При описот што правите, мислите или планирате, ја користите заменката НИЕ: - Ние гледавме филм, нам ни се допадна, ние не сакаме гласни места, ние ова, ние она.

14. Со месеци се договарате за луд провод со пријателите, а кога ќе излезете постојано сте на телефон со неа/него и куцате пораки. Измислувате мигрена за да истрчате кај неа/него.

15. Пријателите ги уверувате дека секогаш доживувате по 5 оргазми во низа, се сексате барем 3 пати неделно.

16. После врска од 1 месец, пред луѓето се нарекувате „злато“, „љубов“, „душо“, а после 2 или 3 месеци веќе имате одбрано имиња за своите деца и куче.

17. Ја читате оваа листа и мислите: „Па што?! Баш е супер што имам таква супер врска“, се потпирате на саканиот/саканата и добивате напад на нежност во кој му/и ја бушавите косата.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg