Предупредувачки знаци и фрази што не треба да ги игнорирате на почетокот од врската

Партнерот признава дека не може да издржи во врска

И ова е изјава што не треба да ја игнорирате.

Доколку партнерот не можел да издржи во ниту една претходна врска, немојте да мислите дека вие сте личноста што ќе го промени.

Ако барате нешто сериозно, а партнерот ви го каже ова, можеби најдоброто решение е разделбата.

predupreduvachki-znaci-i-frazi-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-na-pochetokot-od-vrskata-06.jpg

Смета дека е во ред да доцни

Кога некој доцни, без разлика колку, би требало да се извини. Но доколку партнерот смета дека неговото доцнење е во ред, најверојатно тој е себична личност и не ве цени.

Не заборавајте дека вие заслужувате партнер што ве цени вам и вашето време.

predupreduvachki-znaci-i-frazi-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-na-pochetokot-od-vrskata-07.jpg

Признава дека врската не му е приоритет

Се разбира, нема ништо лошо во тоа кариерата да ви биде приоритет. Но доколку партнерот ви го каже ова без контекст, тогаш ви нагласува дека не е подготвен за нешто сериозно.

Доколку го слушнете ова, добро е да знаете дека партнерот нема да се труди за вашата врска.

predupreduvachki-znaci-i-frazi-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-na-pochetokot-od-vrskata-08.jpg

„Мажот/жената треба да…“

Ако партнерот редовно зборува за неговите очекувања, тогаш сака и да ги следите. А ако не делите исти стандарди, тогаш врската сигурно ќе стане напната и стресна.

predupreduvachki-znaci-i-frazi-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-na-pochetokot-od-vrskata-09.jpg

„Не ти треба некој како мене“

Не гледајте ја оваа фраза како предизвик. Доколку партнерот ви го вели ова, тогаш има проблеми со самодовербата и очекува постојано да го убедувате дека е добра личност.

Доколку, пак, го изјави ова со самодоверба, тогаш најдобро послушајте го, бидејќи голема е веројатноста да останете со скршено срце.

predupreduvachki-znaci-i-frazi-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-na-pochetokot-od-vrskata-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg