Предупредувачки знаци и фрази што не треба да ги игнорирате на почетокот од врската

Се вели дека љубовта е слепа, а очигледно има некоја вистина во оваа изрека.

predupreduvachki-znaci-i-frazi-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-na-pochetokot-od-vrskata-01.jpg

Сите настојуваме да ги занемариме недостатоците на нашите сакани, но постојат ситуации во кои не би требало да го правите тоа.

Причината е што некои однесувања на почетокот од врската можат да станат вистински проблеми подоцна. Па, на крај ќе останете со скршено срце и ќе ви биде криво што сте потрошиле толку време со погрешна личност.

Во продолжение погледнете ги предупредувачките знаци што никако не смеете да ги игнорирате на почетокот од врската:

Партнерот сè уште мисли на бившиот

Кој би сакал да биде во врска со личност која сè уште не го преболела бившиот партнер?

Имајте на ум дека во ваква ситуација, ќе мора постојано да се натпреварувате со оваа личност, а и секогаш постои ризик партнерот да ве остави за неа.

Доколку сепак сакате да бидете заедно, прво дајте му време да размисли за своите чувства и вистински да го преболи поранешниот партнер.

predupreduvachki-znaci-i-frazi-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-na-pochetokot-od-vrskata-02.jpg

Постојано се жали за поранешните партнери

Секој се нашол во токсична врска, но доколку вашиот партнер има историја само со вакви врски, можеби проблемот е во него.

Најверојатно и вие ќе се најдете на неговата листа со „луди бивши“ и сигурно постојано ќе бидете под стрес.

predupreduvachki-znaci-i-frazi-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-na-pochetokot-od-vrskata-03.jpg

„Мислам дека бракот нема смисла“

Кога некој ќе го каже ова, тоа значи дека сигурно не планира да стапи во брак. А бидејќи мислењето на возрасните се менува тешко, важно е да бидете на иста страна кога станува збор за брак.

Доколку и вие го мислите истото за бракот, тогаш е во ред. Но доколку еден ден сакате да се венчате, веројатно не треба да си го трошите времето.

predupreduvachki-znaci-i-frazi-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-na-pochetokot-od-vrskata-04.jpg

„Кога сум гневен/на, викам и кршам. Не можам да се контролирам“

Ова е фраза што не смеете да ја игнорирате. Ова значи дека вашиот партнер е емоционално нестабилна личност и дека не може да се контролира.

Најверојатно ќе бидете изложени и на физичко и психичко малтретирање, без разлика колку мислите дека можете да му помогнете.

predupreduvachki-znaci-i-frazi-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-na-pochetokot-od-vrskata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg