16 одлични причини за секојдневен секс
Редовниот секс носи среќа, долговечност и добро здравје, па тогаш зошто да барате изговори?
Ова се неколку одлични причини зошто е добро да имате секојдневен секс или барем што почесто можете:
1. Го намалува стресот – длабокото дишење за време на сексот го намалува напнатото чувство во телото. Дополнително, додека имате секс се произведуваат хормони на среќа.
2. Заменува сериозен тренинг – топи калории, а мускулите се зајакнуваат. Тестостеронот кој се произведува во текот на сексот ги зацврстува коските и мускулите.
3. Го намалува крвниот притисок.
4. Го зајакнува имунитетот – редовниот секс ќе ви ги намали шансите да се настинете или да закачите некој вирус.
5. Ве подмладува – сексот трипати неделно може да ве подмлади за 10 години, тврдат истражувањата.
6. Срцето е поздраво – луѓето кои имаат редовен секс имаат помали шанси за срцев, па дури и мозочен удар.
7. Ја намалува болката – се однесува на секаков тип на болка.
8. Ја зголемува довербата помеѓу партнерите – хормонот за среќа кој се лачи ја гради топлината и интимноста помеѓу партнерите, без многу да се трудите.
9. Шансите за рак се помали – редовната ејакулација ги намалува шансите за развој на канцерогени клетки кај мажите, велат стручњаците.
10. Ги зајакнува мускулите во карлицата - покрај тоа ја подобрува и работата на мочниот меур и цревата.
11. Подобро здравје на простатата кај мажите.
12. За подобар сон – зголемениот број на отчукувања на срцето делува опуштачки, а опуштањето е најдобар рецепт за мирен сон.
13. Редовна менструација – редовниот секс се покажал како одличен лек за регулирање на циклусот.
14. Против било каква дисфункција кај мажите – честиот секс гарантира добар проток на крв кај мажите, што ги намалува шансите за дисфункција во повозрасни години.
15. Долговечност – здравото срце, здравите мускули и подобриот проток на кислород во телото се само некој од најважните фактори за долговечност.
16. Мажите се поплодни – со редовниот секс и постојаното обновување на сперматозоидите, плодноста кај мажите се регулира, па дури и зголемува.
М. Д. | Црнобело