Што кога се расправате?

sto-koga-se-raspravate-povekjeКавгите во една врска ќе се случат порано или подоцна и тоа не е трагедија ниту крај на врската. Ова се неколку работи кои не треба да ги правите кога...

 

...се расправате со партнерот:

sto-koga-se-raspravate

-  Има жени кои за време на кавгата, на партнерот му се обраќаат со полно име и презиме или само по презиме. Немојте! Тоа најчесто  е начин на кој возрасна личност му се обраќа на дете кое не било умно, а не начин на кој двајца рамноправни партнери комуницираат.

Ако со својот начин на обраќање му ставате до знаење дека не го почитувате, зошто тој вас би ве почитувал и зошто би сакал да најде решение за кавгата?

-  Немојте да ги исмевате неговите чувства. Тоа значи да не изреагирате во стилот „Мора да се шегуваш!“. Исмевањето го навредува и му говори дека не се грижите за тоа како тој се чувствува.

-  Без удирање со ногата на под, трескање со врати, фрлање садови или други предмети. Тоа е детско однесување и остава впечаток на намуртено разгалено дете, а не на возрасен човек кој се обидува да реши некој проблем.

- Без преправање дека не сте заинтересирани. Не е реткост таа да рече „Ма прави што сакаш, не ме интересира!“. Доколку вака се однесувате, а не е точно дека не ве интересира, врската ќе се разниша со време.

-  Немојте да се однесувате дека се работи само за вас, или пак вие сте несреќна жртва, а тој криминалец. Немојте да се натпреварувате кој повеќе ќе се пожали на сметка на другиот... тоа никаде не води. Обидете се да покажете разбирање под каков притисок се наоѓа и така кавгата ќе се претвори во конструктивен разговор.

Во принцип, наведените сугестии се сведуваат на тоа да се однесувате со саканата личност онака како што вие не би сакале тој да се однесува со вас. Тоа нема секогаш да ви успее, но вреди да се обидете.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg