Ловци на туѓи дечковци
Постојат луѓе – и мажи и жени – на кои сексот со сопствениот партнер/партнерка не им е возбудлив. Единствено што ги возбудува е да „уловат“ некого кој...
...е веќе во врска со некој друг. Таквите личности често пати ќе речат дека имаат проблеми во врската, но најголемиот проблем што го имаат е оној со самите себе.
Можно е во врската да има монотонија и сексот да престане да биде толку страствен, па да ви се причини привлечен некој друг кој веќе е во врска.
Доколку со таа личност стапите во сексуални односи, тоа ќе биде прељуба и неморален чин, а сепак останува фактот дека со вашиот партнер или партнерка сексот ви е монотон. Доколку повеќе не ја сакате врската во која се наоѓате, завршете ја.
Постојат и личности на кои сопствениот партнер не им е привлечен и страст можат да доживеат единствено со „туѓ“.
Таа страст ќе трае се додека „туѓиот“ партнер не стане нивен, потоа се од почеток. Таквото однесување може да послужи како храна за егото, за прикривање на сопствените неспособности или недостатокот на желба некому вистински да му се посветат.
Сепак сето тоа не значи дека таквото однесување е во ред, тоа никому нема да му донесе среќа.
Може да делува возбудливо да се „лови“ туѓо, но на подолги патеки тоа не носи среќа, имајте го тоа секогаш на ум.