Скриени психолошки проблеми поради кои партнерот ви го проверува телефонот
Неможност за поставување здрави граници
Без разлика колку долго сте со партнерот, во вашата врска треба да постојат граници кои и двајцата ќе ги почитувате.
Па, ако му кажете на партнерот дека сакате приватност, но тој сепак ја нарушува, тогаш можно е да има проблем со поставувањето здрави граници.
Проблемот е што ова однесување на партнерот, ќе прави да се чувствувате неудобно. Ако тој не обрнува внимание на она што ви е важно, како на пример вашата приватност, тогаш може да ги премине сите граници што сте ги поставиле.
Страв од отворен разговор
Дали вашиот партнер ви го проверува телефонот, наместо да разговара со вас за неговите грижи? Ова може да покажува дека тој крие нешто.
Ова, се разбира, не значи дека партнерот крие неверство или нешто сериозно, туку едноставно, тешко му е да се искаже.
Во овој случај, добро би било да го прашате што се случува и да му кажете дека со вас, секогаш може да биде отворен.
Потреба од внимание
Добро размислете колку често сте разговарале со партнерот изминатиот месец. Дали комунициравте како и обично, или минувате многу малку време заедно?
Ако долго не сте разговарале, тогаш можеби тоа е причината за чудното однесување на партнерот.
Неретко, недостатокот од комуникација ги тера луѓето да прават нешта кои не ги сакаат, како на пример, проверување на вашиот телефон.
Можеби партнерот само сака да знае што се случува во вашиот живот и да минува повеќе време со вас. Па, обидете се да го направите тоа.
Партнерот не е подготвен за сериозна врска
Ако партнерот повеќе сака да ви го проверува телефонот зад грб, наместо да разговара со вас, тогаш можеби не е доволно зрел за сериозна врска.
Доколку го прашате зошто го прави тоа, најверојатно ќе ви рече дека само бил љубопитен. Но, секогаш може да ве праша вам, наместо да ви ја нарушува приватноста.
Ако партнерот не може да ве праша нешто едноставно, тогаш сигурно нема да можете да разговарате за посериозни теми. Па најверојатно, во тој момент, вашиот партнер не е подготвен за сериозна врска.
Спирова С. | Црнобело