Како на прв состанок? (1)
Постојат некои верувања за тоа како треба да се однесуваме на првиот состанок, или на почетокот на познанството со мово момче. Некои од тие верувања...
...генерално се погрешни, но можно е да најдете момче за кое сепак се точни.
На пример, количината на облека која таа ќе ја носи на првиот состанок. Има девојки кои сметаат дека е најдобро да бидат што пооскудно облечени за да му се допаднат.
Тоа не е точно, освен ако имаат само една цел, таа вечер со него да завршат во кревет.
Една студија покажала дека тој ќе ја смета попривлечна доколку таа покаже четириесет проценти од својата кожа (секако доколку временските услови тоа го дозволуваат). Ако се појави во мини здолниште, поголем број момчиња за неа ќе мислат дека е лесна девојка.
Уште едно често уверување е кога зборувате со него, треба да се насочите на она што двајцата ве интересира. Сега, секако дека тоа би било добро, но не би било лошо да зборувате за некое свое, лично искуство и интереси, кои се разликуваат од неговите.
Според истражувањата, тоа што некој е изложен на нови и возбудливи искуства ја зголемува количината на хормонот допамин во телото, па така помеѓу двајцата буди заинтересираност и страст.
Некои девојки сметаат дека е добра идеја, кога ќе излезат со некое момче, да земат нискокалоричен оброк како што е салата, за да тој ги смета попривлечни и да види дека внимаваат на линијата.
Но, таквата постапка често има негативен ефект, бидејќи момчето ќе помисли дека дека таа се преправа и дека нешто крие.
Не велиме дека ќе му се допадне ако таа внесува енормно количество храна во себе, но ќе биде попривлечно ако ја види дека искрено јаде со уживање некоја добра храна, отколку како срамежливо пасе трева.