Како да одбиете додворувач?
Некој пат се чини дека има се повеќе момчиња кои се двоумат да и пријдат на некоја девојка која ги интересира од страв да не бидат одбиени.
Тука се поставува прашањето како учтиво да се одбие момчето.
Можеби тоа момче непријатно мириса или постои нешто одбивно во неговиот изглед, или ви се чини дека немате ништо заедничко или...
Во секој случај, имате полно право да не сакате со него да излезете или да се забавувате.
Од друга страна, ако со ништо не ве навредил или повредил, тешко дека во лице ќе му кажете дека не ве интересира, ниту пак такво однесување би било пожелно. Но, умее да биде тешко некому директно да му кажете дека не сте заинтересирани, особено ако е без конкретна причина.
Девоките во таков случај одговараат дека се презафатени и нe нудат алтернативно време за гледање. Некои момчиња веднаш ја разбираат пораката, некои ќе ги прашаат девојките кога ќе бидат слободни да излезат со нив, на што девојките за воља на вистината, не знаат што да одговорат.
Момчињата на кои дури и тогаш нема да им е јасно ќе ги повикаат повторно во некоја друга прилика и кога неколку пати ќе чујат дека таа е презафатена, најпосле ќе разберат дека таа несака да најде време за да се види со него.
Кај овој метод згодно е што не мора д аму кажете зошто не сте заинтересирани за него-а најчесто се работи за некоја негова особина која тој не би сакал или не би можел да ја смени.
Да се каже некому: „Извини, јас мислам дека не би си одговарале“, често пати праќа погрешна порака, дека вие сеуште ја разгледувате можноста да се видите со него.
Затоа „Не можам, зафатена сум“ е попрактично решение, а со време до него ќе допре пораката која сакате да му ја испратите.