Манипулација, љубомора и недоразбирање - Најчестите проблеми во модерните врски

Манипулација

Нормално е да ви биде страв да не бидете повредени во врската. Но проблемот е што повеќето наместо да ги искажат своите чувства и грижи, обично се обидуваат да скријат колку всушност го сакаат и ценат својот партнер.

Ова ќе го натера партнерот да мисли дека не сте заинтересирани за него, па ќе настанат дополнителни компликации.

Подобро е да бидете отворени и искрени за вашите намери.

Страв од соочување со конфликти

Сигурно и вие избегнувате да му пратите порака на партнерот која може да води до конфликт.

Луѓето сè почесто се оддалечуваат од нивните партнери, наместо да започнат ризичен разговор. Понекогаш, ова може да значи и крај на врската.

manipulacija-ljubomora-nedorazbiranje-najchetite-problemi-vo-modernite-vrski-05.jpg

Љубомора од социјалните мрежи

Денес изневерувањето е полесно до кога било. Покрај тоа, сигурно ако забележите дека партнерот „лајкувал“ фотографија од некој друг, ќе почувствувате љубомора.

Освен ако не сте целосно сигурни дека партнерот ве изневерува, добро би било да не обрнувате многу внимание на неговата онлајн активност.

Зборување за бивши

Никој не сака да слуша за бившите на партнерот, но денес е речиси невозможно да ги избегнете.

Понекогаш е тешко да не помислите на некоја стара врска, кога ќе налетате на фотографија или профил на бившиот партнер.

Поради ова, денешните парови често дискутираат за нивните бивши, а понекогаш излегува дека воопшто не им се преболени.

manipulacija-ljubomora-nedorazbiranje-najchetite-problemi-vo-modernite-vrski-06.jpg

Искривена слика за љубовта

Социјалните мрежи се главните виновници за нашата искривена слика за љубовта. Веројатно и вие барем еднаш сте почувствувале притисок вашата врска да изгледа како она што го гледате на социјалните мрежи.

Истовремено, луѓето почнуваат да мислат дека врската заслужува шанса само ако е совршена, а совршената врска не постои.

Постојана потрага по возбуда

Филмовите и поп културата нè научија дека љубовта е постојана возбуда и чувство на еуфорија.

Иако ова важи на почетокот од врската, подоцна еуфоријата се заменува со подлабока и поискрена љубов. Оваа љубов е „посмирена“, но повеќето сметаат дека ова е погрешно.

Важно е да знаете дека тоа што врската не е возбудлива како на почетокот, не значи дека е лоша или дека треба да ставите крај.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg