Манипулација, љубомора и недоразбирање - Најчестите проблеми во модерните врски
Воопшто не е лесно да го најдете вистинскиот партнер. А откако ќе го најдете, уште потешко е да ја одржите врската.
Живееме во ера на интернет и социјални мрежи, а овие нешта можат да ги направат врските многу покомплицирани.
Можеби проблемите од минатото не важат за модерните врски, но сега има цела палета нови проблеми, што создаваат конфликти помеѓу партнерите.
Погледнете ги најчестите проблеми во модерните врски:
Минување премногу време заедно
Да минувате повеќе време со партнерот е едно. Но, сосема поразлично е партнерот да го направите центар на вашиот свет и целосно да ги запоставите вашите проблеми.
Постојаното допишување и стравот да бидете сами можат да ја отежнат вашата врска.
Ако забележите дека партнерот ве фрустрира без некоја причина, можеби треба да поминете малку време насамо.
Недоразбирање при допишување
Повеќето информации за другите ги добиваме од невербалната комуникација. Но, во ерата на смартфоните и интернетот, неретко се случува погрешно да се сфати испратената порака.
Кога треба да се разговара за нешто сериозно, пишана комуникација само ја отежнува ситуацијата.
Па, обидете се овие разговори да ги водите во живо.
Страв дека го испуштате „вистинскиот“ партнер
Апликациите и сајтовите за состанување сигурно ве тераат да мислите за сите опции што ги имате.
Ова, пак, создава сомнеж за сегашниот партнер и ве тера да се прашувате дали сте го направиле вистинскиот избор, или можеби испуштате подобра опција.
Психолозите препорачуваат да ја пренасочите таа енергија и да му го посветите вниманието на партнерот што го имате сега.
Страв од донесување одлуки
Секој е во искушение да „избега“ кога треба да се прави сериозен разговор. Па наместо да донесете одлука и да преземете одговорност, обично имате можност да не го одговорите на пораката.
Но, поради ова, партнерите во модерните врски се чувствуваат беспомошно пред сериозните проблеми. Не можат да донесат одлука, дури и кога таа одлука е клучна за врската.
Мешање на роднините
Проблемот со донесувањето одлуки може да ве натера да побарате помош од роднините. Но, на овој начин тие стануваат дел од вашата врска и имаат преголем авторитет.
Важно е да знаете дека врската е помеѓу вас и вашиот партнер и никој не знае подобро од вас што ви е потребно.
Претерано споделување на социјалните мрежи
Речиси секој ја прикажува својата врска на социјалните мрежи како совршена. Но ова не е без последици.
Ова почнува да создава нереалистични очекувања и ве тера и вие да споделувате премногу детали од вашата врска.
Ако им завидувате на другите поради нивните објави, имајте на ум дека секоја врска е уникатна. Покрај тоа, не знаете што навистина се крие зад совршените фотографии.