Тактики за подолг секс
Секој маж кој некогаш размислувал за проблемот на предвремена ејакулација разгледувал и бројни можности како тој проблем да го реши.
Некои од нив делуваат, некои не. Треба да се има на ум дека алкохолот пред секс опушта, но само во мали количини и само понекогаш. Не треба да се ослонувате на неговото дејство, може да биде контрапродуктивен.
Оргазам пред секс е друго често решавање на проблемот. Тоа подразбира најпрвин сами да си ја завршите работата, па потоа сте подготвени за секс во двојка. Меѓутоа и тука има проблем, вториот оргазам е послаб од првиот.
Се применуваат уште две тактики. Првата е „сврти го вниманието“, а втората „престани и штипни се“.
Првата е кога на врвот на страста мислите ќе ги свртите на некои обични работи, како фудбалска утакмица, или ќе се присетите на некоја сериозна животна ситуација.
Со оглед на фактот дека за секс подеднакво се потребни и умот и телото, оваа тактика има смисла. Сепак, внимателно.
Доколку мислите ги свртите кон некои морбидни теми, ќе се истренирате на погрешен начин. Затоа, подобро држете се до спортот. Втората тактика е најслична на онаа ситуација во која ќе го стиснете носот за да не кивнете. Постапката е иста, само што наместо носот вниманието му го посветувате на полниот орган.
Во секој случај, тоа што сте доживеале оргазам пред вашата партнерка не мора да значи дека постои некој проблем. Всушност, прашање е како да се третира оваа појава, бидејќи генерализација не е можна.