Тие паѓаат на... (1)
Не само девојките „паѓаат“ на погрешен тип мажи, се врзуваат со нив и завршуваат повредени и без љубов, која толку ја посакуваат. Тој вид грешки не е...
...исклучиво женски „специјалитет“, има типови на жени на кои мажите постојано и повторно „паѓаат“.
Дама во неволја
Таа е несреќна, повредена, кон неа животот не бил фер, била со погрешен тип мажи.... И тој сега ќе се затрча да и помогне, ќе биде маж кој се нашол во вистински момент и ја спасил од нејзиниот тажен живот, можеби и од неа самата.
Со него конечно стигнаа светлоста и љубовта. Тоа понекогаш е машка фантазија, но многу е тешко да се спаси некој кој не умее самиот да си помогне, а неретко и не сака да си помогне, туку тоа е улога која ја одбрале. Таа секогаш ќе биде дама во невоља, со него или без него.
Мажите ја повредувале
Слична е на дамата во неволја, со тоа што нејзината несреќа е тоа што ја повредувале погрешни мажи еден по друг. Ја мамеле, ја изневерувале кога и биле потребни, можно е некој од нив да бил насилен, лошо се однесувале кон неа...
И тогаш ќе се појави тој, кој секогаш убаво ќе се однесува со неа.
На некои мажи тоа им е привлечно бидејќи ако таа претходно била со лоши луѓе, тогаш тој и не мора многу да се труди за да биде подобар од нив, многу би било потешко да се натпреварува со некој прекрасен маж, со кој таа повеќе не е поради икс причини.
Но, многу е тешко да се биде со таква дама, таа била толку повредувана, да не само што ја изгубила љубовта туку и самодовербата.
За неа е подобро да биде извесно време ама и да си дојде на себе, а не да влетува во уште една врска во која ќе ја прогонуваат духовите од минатото, во која нема да може да се опушти и во која нема да може ниту да пружи ниту да прими љубов.