Колку проценти од жените не можат да доживеат оргазам со пенетративен секс?
Не грижете се, не сте единствените што не можат да доживеат оргазам при пенетрација. Колку жени влегуваат во оваа група?
Магазинот „Journal of Sex & Marital Therapy“ направи истражување на 1.000 жени на возраст од 18 до 94 години на тема како најчесто доживуваат оргазам.
Поголемиот дел од нив откриле дека оргазам доживуваат со клиторисна стимулација, нешто што секс експертите го тврдат веќе со години.
Многу жени со години се чувствувале изолирано затоа што не успевале да стигнат до оргазам со пенетративен секс, но сега ова истражување покажа дека дури 80% од жените се во таква ситуација.
Веќе се зборува отворено на темата, а се бараат дури и решенија.
Ако сте и вие во оваа група на жени, преземете мерки за да стигнете до оргазам:
Повеќе предигра – клиторисот треба да се доведе во состојба на возбуда, како пенисот.
Игра по сексот – кој рече дека оргазмот не може да дојде после пенетративниот секс?
Вибратор – за да бидат размрдани сите точки.
С. С. | Црнобело