Најчестата причина заради која паровите се караат на летен одмор
Без разлика дали станува збор за летување на плажа, излет на планина или патување до некоја далечна дестинација, кога патувате со партнерот, секогаш постои можност за жестока расправа. Најчесто ова се случува бидејќи штом ќе се тргнете од вашето секојдневие, повеќе денови сте постојано заедно.
Краткиот имејл, телефонскиот разговор со шефот и работата што вие или партнерот сте ја понеле на одморот можат да предизвикаат расправии.
Јасно е дека одморот треба да служи за опуштање и ако еден од партнерите постојано работи, ни другиот не може да се релаксира како што треба. Па, направете ѝ услуга на вашата врска и оставете ја работата дома.
Доколку сепак е неизбежно да работите за време на одморот или ако мора да бидете во контакт со колегите, обидете за се држите до неколку правила:
1. Нека ве бараат само во најитните случаи
2. Кога ќе ве побараат, нека ви напишат имејл наместо да ви се јавуваат по телефон
3. Доколку ве бараат, ограничете го тоа на еднаш дневно, во одредено време од денот (ова треба да важи и за пораки и за повици).
Доколку ги следите овие правила, веројатно одморот ќе ви биде правилен одмор, а не бојно поле.
Сепак важно е и вашиот партнер, а не само вие, да се придржува до горенаведените правила.
Спирова С. | Црнобело