Лоши навики кои го саботираат секој добар однос
Секој љубовен однос бара посветеност, лојалност, доверба и работа на односот. За работите да бидат квалитетни потребно е да знаеме кога треба да направиме компромис, а кога не.
Некои навики што ги правиме можат да го саботираат добриот однос со нашиот партнер. Ниту една љубовна врска не може да преживее постојана проверка, прекумерни очекувања, зависност од партнерот или љубомора.
Ова се 5 лоши навики кои го саботираат секој добар однос:
Не простувате, но не ни заборавате
Доколку знаете како да комуницирате, па дури и да се расправате без навреди, тогаш вашата врска може да стане подобра и искрена.
Многу чест проблем се кавги кои не решаваат ништо, особено ако сте личност која од секоја дискусија повлекува фрустрација. Во животот е многу важно да научите да простувате и заборавате, бидејќи со самото сеќавање на лошите работи се фокусирате само на негативните страни на врската.
Постојано проверувате
Љубопитноста, па дури и одредена доза на љубомора, е нормална во секоја врска. Но константната проверка, тестирање, па дури и читање на пораки од мобилен телефон или компјутер се докази за недоверба, љубомора или недостаток на самодоверба.
Премногу високи очекувања
Нереалните очекувања се подеднакво чести и кај мажите и кај жените, и често резултираат со прекумерно идеализирање на односите.
Луѓето кои мислат дека партнерот секогаш треба да знае кога да се гушка, да се бакнува или прави нешто за нив ја убиваат спонтаноста во односите.
Зависност од партнерот
Колку и да звучи совршено да ги правите сите работи заедно, за секоја здрава врска е потребно секој партнер да има сопствени амбиции и интереси, но и време за себе.
Можете да имате различни пријатели или интереси. Разновидноста помага да се задржи страста во врската.
Споредба
Доколку го споредувате вашиот партнер со некој, кој е по ваше мислење е „подобар од него“, нема да ја разберете неговата уникатност и убавина.
Исто така, ако се споредувате себеси како пар, со некој друг пар, и доаѓате до заклучок дека другите парови повеќе се сакаат, помалку се расправаат и сл. во односот ќе внесете незадоволство кое не се заснова на реалноста, бидејќи не постојат два идентични парови или односи кои можат да се споредат.
Ашера | Црнобело