11 знаци дека за вашиот брак сè уште има надеж

Понекогаш ви е преку глава од партнер, како постојано како да му давате вештачко дишење на бракот и размислувате дали е подобро само да кренете раце...

11-znaci-deka-za-vashiot-brak-se-ushte-ima-nadezh-01.jpg

Да се одржи љубовта на долг рок е навистина тешко. Животот се менува, приоритетите се менуваат и некако партнерите повеќе не си се на прво место еден на друг.

Има сè повеќе кавги, а многу од браковите завршуваат со развод.

Сепак, колку и да ви е тешко во моментот, одредени знаци покажуваат дека вреди да се потрудите да го сочувате бракот.

Знаци дека за вашиот брак сè уште има надеж:

1. Зборувате еден со друг - имате проблеми, но има и заинтересираност да ги решите.

2. Се допирате и иако поретко имате секс, вие сепак се бакнувате и се држите за раце.

3. Имате разлики, но пронаоѓате компромиси.

4. Има предности на вашето заедништво, како деца или можеби заеднички бизнис.

5. Пробувате нови работи заедно, од хоби до работни проекти.

11-znaci-deka-za-vashiot-brak-se-ushte-ima-nadezh-02.jpg

6. Се смеете заедно понекогаш и стресот магично исчезнува.

7. Секој има свои интереси и си давате простор еден на друг.

8. Се почитувате, си верувате и се надевате дека ќе останете заедно.

9. Подготвени сте да работите на врската, се трудите да се разберете еден со друг и да си простите.

10. Врската е ви најголем приоритет на двајцата.

11. Имате заеднички финансиски цели и сте на иста бранова должина во погледите за иднината.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg