Дали отворената врска на далечина е добра идеја?
Доколку со партнерот живеете на различни места и сте размислувале да се гледате со други луѓе, сигурно сте се запрашале дали ова е добра идеја. Важно е да имате на ум дека со текот на времето, нештата се менуваат, луѓето еволуираат и врските се развиваат на свој начин.
Иако никој не може да ви каже кого и како треба да сакате, сосема нормално е да се прашувате дали правите добри избори за себе. Доколку вашиот партнер живее во друга држава или ако можете да го видите само неколку пати годишно, одржувањето на исполнувачка врска не е лесно.
„Отворената врска на далечина значи дека ќе се гледате со други луѓе – ништо повеќе и ништо помалку. Ако сте во врска на далечина и ако се согласите да се гледате со други луѓе, тогаш вашата врска ќе биде длабока и посветена колку и вашите чувства еден кон друг“, изјавил психологот доктор Џошуа Клапов.
Според доктор Клапов, за успешна отворена врска на далечина потребно е добро размислување за себе, независност и искреност. Не треба да се обидувате да направите нешто формално. Не треба да ја присилувате врската, туку да ѝ дозволите да се случува, додека вие сте здрава и силна личност.
Важно е да ја прилагодите врската на вашето секојдневие, а не обратно. Врската на далечина е вистински психолошки предизвик. Жртвувањето на секојдневниот живот или чекањето да бидете со партнерот може да создаде многу притисок врз самата врска.
Доколку со партнерот размислувате за отворена врска, важно е да размислите и за комуникацијата, транспарентноста, довербата и очекувањата од врската наспроти она што сакате да биде. Иако можеби немате проблем со комуникацијата со партнерот на далечина, отворањето на врската може да бара нов вид транспарентност.
Ова значи дека ќе треба да разговарате за контрацепција со новите партнери и за тоа колку сакате да слушате за луѓето со коишто се гледа вашиот партнер. Исто така важно е да поставите здрави граници за емоционално поврзување со другите.
Иако сите овие разговори и промени ќе ви изгледаат одбивно, од голема важност е да ги направите. Колку повеќе ќе научите за врската на далечина и колку повеќе ќе го цените времето насамо, толку посилна ќе биде вашата врска.
Се разбира, доколку почнете да се гледате со други и сфатите дека не се чувствувате удобно, важно е да ги искажете вашите чувства. Доколку чувствувате љубомора, треба да разговарате дали отворената врска сепак е за вас. Без разлика што сте се договориле со партнерот, секогаш треба да бидете отворени и да направите промена доколку е потребно.
За многу луѓе претворањето на врската во отворена предизвикува многу стрес. Доколку не ви е удобно да бидете во врска на далечина, а истовремено да се гледате со други луѓе, можеби е време да продолжите понатаму.
Важно е да запомнете дека врските на далечина се тешки. Нормално е да се чувствувате изморено или фрустрирано. Сепак, не значи дека љубовта ќе исчезне. Најважно е да имате исто мислење со партнерот на оваа тема, но и да го живеете вашиот индивидуален живот до максимум.
Можеби отворените врски на далечина не се за сите, но отвореноста во врската на далечина е.
Спирова С. | Црнобело