Како се менува сексуалното искуство во 20-тите, 30-тите и 40-тите години и на кој начин влијае врз нашето здравје?
Редовниот секс нуди различни здравствени бенефиции, вклучувајќи ослободување на ендорфин, хормон за среќа, чувство на интимност со партнерот, олеснување на стресот и добра физичка вежба.
Eндорфинот го подобрува расположението, бидејќи има сличен ефект како вежбањето. Окситоцинот, друг хормон поврзан со подобреното расположение, се ослободува за време на оргазмот, што помага при емоционално поврзување со партнерот.
Со текот на времето се стекнува и самодоверба, во врска со физичкиот изглед, а некои работи стануваат сè поважни во одредени периоди.
Еве неколку начини на кои сексот може да биде корисен за вашето здравје во 20-тите, 30-тите, 40-тите години и подоцна:
Во 20-тите години сексот ви помага да го запознаете вашето тело и да дознаете што сакате од партнерот
Сексуалните искуства варираат од личност до личност на која било возраст, но генерално, во дваесеттите години редовниот секс е ново искуство. Можеби во овој период ќе има повеќе сексуално експериментирање.
Во овој период луѓето се запознаваат со нивните сексуални преференции, без разлика дали тоа вклучува сексуални фантазии, сексуална ориентација или откривање на сексуалните пози кои ќе ви помогнат да постигнете оргазам.
Ова е, исто така, време за решавање на сите здравствени проблеми поврзани со сексот, како што е болен секс.
Во 30-тите години фокусот на сексот може да ги зајакне романтичните врски и да го намали стресот
Кога ќе влезете во триесетите години семејството и работата можат да ви станат поголеми приоритети, што може да предизвика дополнителен стрес во вашиот живот. Што значи дека во текот на оваа фаза сексот може да падне на листата на приоритети.
Важно е да се запамети дека сексот е многу важен за интимноста во врските и важно е да продолжи да ви биде приоритет. Во оваа фаза сексот може да дејствува како форма на ослободување од стрес.
Во 40-тите години сексот сè уште нуди бенефиции, како што се олеснување на стресот и интимност, а може да стане пријатно безгрижно искуство
Луѓето во 40-тите години имаат поголема сексуална самодоверба, бидејќи подобро го разбираат своето тело и своите преференции. Сексот во 40-тите години сè уште нуди бенефиции како што се олеснување на стресот и поврзување со партнерот.
Во овие години веројатно веќе знаете како да го барате она што го сакате.
Покрај тоа, сексот во 40-тите години ви нуди да се фокусирате на вашата интимна врска, бидејќи другите приоритети почнуваат да опаѓаат.
Луѓето имаат доволно емоционална енергија за да се фокусираат на својот партнер, бидејќи не се зафатени со грижа за деца или напредување во кариерата.
На возраст од 50 години, сувоста на вагината може да го отежни сексот, но сексот може да го зголеми протокот на крвта во телото
Кога жените ќе влезат во 50-тите години, повеќето од нив влегуваат во менопауза. Менопауза обично се јавува на возраст од 45 до 55 години, а предизвикува варирање на нивото на естрогенот и прогестеронот, што може да доведе до проблеми со спиење и сувост на вагината.
Во оваа фаза е потребен поголем напор да се постигне нормален сексуален живот.
Ашера | Црнобело