Погрешни верувања за љубовта поради кои не можете да најдете личност вредна за сакање
Што е тоа што ве кочи во вашата намера да пронајдете вистинска љубов? Дали сте помислиле дека единствените виновни за тоа сте можеби вие?
Дали сте ги забележале во книжарница книгите за самопомош? Ги има за сè, но најмногу за воспоставување здрави комуникации и врски со луѓето околу вас. Кога нешто не ви оди, сетете се на таа голема бројка на книги со вакви наслови.
Дури и ако не купуваат вакви книги, на многу луѓе им се потребни ваквите совети. Еден од најчестите проблеми е неможноста да се најде личност вредна за сакање,
Но, тоа е до вас и поради следниве ваши верувања:
Мислите дека не заслужувате љубов
Имате специфични делови од карактерот и одвратни навики. Себични сте, понекогаш и лоши и дрски и мислите дека секој што ќе ве запознае веднаш ќе избега. Но, тие „демони“ се дел од сечиј човечки карактер.
Секој од нас во себе крие карактеристики поради кои не би требало да биде сакан, но погодете што, сите сме сакани. Многу полошо е ако сте неверни и конфликтни. Ако сте човек, тогаш да, заслужувате љубов.
Ужасни сте во врските
Ако веќе ја читате оваа содржина, веројатно зад себе имате најмалку една неуспешна врска и уште неколку пропаднати обиди за други. Но, не е ли премногу строго да одлучите дека проблемот е цело време кај вас?
Не е така! Неколку неуспешни обиди не смеат да ве спречат да верувате дека следниот ќе биде подеднакво лош. Спуштете го штитот, дури и ако бидете повредени, тоа ќе зарасне, а вие ќе научите уште една лекција.
Мислите дека врските треба да бидат лесни
Постои популарно (и сосема неточно) верување дека успешните врски се и лесни врски. Ако се согласувате со ова, тогаш сосема не сте во право.
Многу е нормално партнерите да се скараат или несакајќи да си кажат нешта кои не ги мислат, но со нив повредуваат. Затоа, ако некоја врска изгледа предобра за да биде вистинска, тогаш сте во право - не е вистинска.
Но, очекувате дека врските се претешки
Врската од вас бара да направите и одредени жртви или други нешта кои не се во вашата комфорна зона. Но, тоа не ја прави тешка, напротив, вас ве прави поспособни за одржување здрави меѓучовечки односи.
Сепак, внимавајте, врската не треба да ви биде измачување и тоа прилагодување не треба да трае вечно.
Мислите дека немате време
Животите на сите ни се брзи и динамични и често е многу тешко да се балансира. Кариера, родители, браќа и сестри, пријатели, амбиции и хобија и ви се чини дека за љубов воопшто нема простор.
Но, изненадувачки, нештата не одат баш вака. Љубовта би ви дала многу повеќе енергија за да можете да ги извршувате секојдневните задачи и да ви остане време во кое ќе сакате да се посветите на саканата личност.
Е. Д. | Црнобело