Зошто таа простува неверство?

9-pricini-zosto-zenite-prostuvaat-neverstvo-povekjeНема секоја жена да го остави партнерот/ сопругот заради неверство. Некои поминуваат преку ова и го продолжуваат животот како да не е случило.

 

Кои се причините за жените да се одлучат на ваков потег?

9-pricini-zosto-zenite-prostuvaat-neverstvo-1

1. Не поднесува неуспех. Понекогаш е многу тешко да признаете дека нешто не е во ред во врската во која толку сте вложувале.

2. Страв од непознато. Со партнерот е веќе со години, изградиле заеднички живот и таа се фокусирала на заедничка иднина. Помислата сето ова да го снема ја плаши и затоа попрво би останале во комфорната зона.

3. Уверена е дека тој ќе се промени. И покрај тоа што е свесна дека ја изневерил, голем број жени веруваат дека тој може да се промени и дека тоа нема да му се повтори и често се обидуваат да се уверат дека се може да биде како порано.

4. Недостиг на самодоверба. Овие жени бараат оправдување за неверниот партнер.

5. Татко на нејзиното дете. Жените во брак често заради децата остануваат со неверниот сопруг. Како мајка, не смее да размислува себично, па затоа распаѓањето на семејството и е незамисливо.

6. Заедно поминале толку многу. Делењето заеднички искуства е моќна работа, посебно за сентиментални девојки. Ако зад нив имаат незаборавни моменти, спомените нема да ги греат во ладните ноќи кога ќе останат сами.

9-pricini-zosto-zenite-prostuvaat-neverstvo-27. Финансиски е зависна од партнерот. Емоциите тргнете ги на страна. Немаштијата може да ја натера жената да остане со партнер кој ја изневерува. Како да си замине и да започне нов живот, кога веќе подолго време зависи од партнерот? Ова е доволна причина за некои жени да останат со него, па дури и кога не го сакаат.

8. Во врската вложила и пари и време. Вложување во работа, стан, подароци, заедничка фирма можеби... некои нема да се согласат на разделба само за да не бидат во загуба во било каков облик.

9. Лудо е вљубена во него и го сака. Една од најчестите причини зошто жените простуваат неверство е љубовта. И покрај болката која и ја нанел, таа и понатаму е вљубена во него и не знае што друго би направила освен да му прости.

Дали вие би простиле неверство и зошто?

Би можело да ве интересира:

6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg