Заборавете на секс во темница

zaboravete-na-seks-vo-temnica-povekjeПостои некое мислење дека водењето љубов е најсоодветно во темница. Постојат многу луѓе кои се навикнати на овој факт и не се чувствуваат удобно кога...

 

...треба да ги покажат своите интимни делови на светло.

1. Секс на светина од свеќи. Сексот на свеќи стана веќе клише и ретко кој го практикува. Штета, затоа што овој сјај е романтичен, сензуален и посебен. Светлоста на свеќите е топла и блага, на оваа светлина контурите на телата стануваат префинети, неправилностите на кожата исчезнуваат, а очите добиваат посебен сјај.

Светлината од свеќите е идеална за срамежливите кои имаат проблем да водат љубов на светло. Свеќите може да добијат и друга намена: како дилдо или благо садо-мазохистичко помагало.

zaboravete-na-seks-vo-temnica-1

2. Секс под вештачка светлина. Не го гасете светлото кога одите во кревет. Сноп светлина од столната ламба насочете токму кон телото на партнерот. Играјте си под ќебето и употребувајте рачна батерија. Осмислете си осветлување за орален секс. Шетајте голи под рефлектори. И не заборавајте да се сликате со блиц!

3. Секс на дневна светлина. Одвојте време за секс во текот на денот при различно светло. Пуштете сончеви зраци да навлезат во собата. Тестирајте ја светлината од соба во соба. Така ќе можете да го откриете најдоброто место и време за секс.

zaboravete-na-seks-vo-temnica-2

4. 100% природно светло. За да фатите природна светлина, мора да отидете во природа – шума, тревник, ливада, планина, плажа. Иако може да биде опасен, дава можност за разни нијанси на светлина, кои ќе ви пружат нов поглед на сексот и вашето тело.

Светлината влијае на нашето расположение повеќе отколку што мислиме. Кога сме изложени на светлина, сме поактивни и повозбудени. Дневната светлина е потребна за правилна работа на хормоните и помага да не станеме депресивни.

Сето ова влијае на нашиот однос кон сексот. Заклучокот е едноставен: добро светло – добар секс!

Би можело да ве интересира:

Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg