Најлошите причини зошто имав (лош) секс со рандом мажи
„Затоа што се обидував да преболам некој друг.“
Тој што ми се допаѓаше ме одби и се чувствував неатрактивна, невредна за љубов. Сакав да го избришам одбивањето од мојот ум и сакав да се чувствувам посакувана. Затоа најдов некој што ме посакуваше, но тоа не помогна. Мислев на тој во кој бев вљубена цело време.
„Затоа што беше убав.“
Не можев да верувам дека некој со толку добар изглед ќе биде заинтересиран за некој како мене. Можеше да ја избере која сака жена, а ме одбра мене. Мислев дека ќе биде неверојатен во кревет, но беше себичен. Мислеше дека ќе помине апсолутно не правејќи ништо за мое задоволство.
„Затоа што никогаш не знаев што е добар секс.“
Пред да го сретнам мојот сегашен партнер немав идеја што заслужувам во спалната. Немав поим што е моето тело способно да почувствува. Пред него имав ниски критериуми. Им дозволував на мажите да се задоволат со две пенетрации и да си заминат нарекувајќи го тоа секс. Тогаш не бев свесна што може да добијам, па се задоволував со тоа. Но, веќе нема да си го дозволам никогаш повеќе.
С. С. | Црнобело