Најлошите причини зошто имав (лош) секс со рандом мажи
„Пред него имав ниски критериуми. Им дозволував на мажите да се задоволат со две пенетрации и да си заминат нарекувајќи го тоа секс...“
Сексот е прекрасна работа, но кога се прави од погрешни причини со беззначаен лик може да биде ужас.
Исповеди на 6 жени:
„Затоа што го убедував да се состанува со мене.“
Имаше искри меѓу нас, но тој не бараше сериозна врска. Наместо да си го штедам срцето, одлучив да ризикувам. Мислев спиењето со него ќе направи да се предомисли во врска со мене и ќе сфати дека всушност му значам. Мислев дека ќе стане зависен од мене и ќе посака да му бидам девојка. Згрешив!
„За да го задржам во врска.“
Чувствував дека сексот беше очекуван чекор. Бев несигурна и мислев дека ќе замине без секс. Понекогаш го одбивам, но гледам да не го правам тоа пречесто. Сексот ми изгледа како работа, како нешто што морам да го правам за да го задржам во врска.
„Затоа што се чувствувам несигурна.“
Сакав да се чувствувам убава, ценета, вредна, секси. И наместо да погледнам во себе и да си го решам проблемот со ниската самодоверба, јас отидов по полесниот пат. Пратив порака, се сретнав со еден маж, спиев со него. Во моментот се чувствував супер, но штом заврши сè повторно бев истата несигурна девојка со хаос во главата.