Девојка му испринта маица со заканувачка порака на момчето, за кога оди сам во град
На маицата стои фотографија од неа и описот со „Здраво, јас сум Холи, неговата ДЕВОЈКА!“ е со намена да ги избрка сите девојки околу нејзиното момче.
Холи Кокерил од Манчестер на своето момче Карл Хенан му испринта маица специјално за пригодите кога оди сам во град.
На маицата стои нејзина фотографија и под неа заканувачка порака:
„Ако го читаш ова значи дека го гледаш моето момче премногу долго. И ова е како ќе те гледав јас ако бев таму.
Здраво, јас сум Холи, неговата ДЕВОЈКА!“
На фотографијата Карл не изгледа импресионирано од делото на неговата девојка.
Фотографиите се проширија вирално и предизвикаа лавина од реакции. На негативните коментари Холи само порача дека луѓето треба да научат да се шегуваат во животот.
С. С. | Црнобело