Која е причината што на голем број жени им е некомфорно за време на секс?

Болка и непријатност за време на сексот, глумење оргазам и несвесност на партнерот дека тие воопшто не се задоволни е секојдневие на многу жени.

koja-e-prichinata-shto-na-golem-broj-zheni-im-e-nekomforno-za-vreme-na-seks-01.jpg

Многу жените искусуваат болен секс, откри едно ново истражување спроведено на 1.200 испитанички во Велика Британија од страна на една компанија за презервативи.

Една третина вели дека болката им го намалува либидото и една од 10 жени вели дека таа негативно влијае на нивната врска со партнерот.

Но, мал дел од мажите забележале дека на нивната партнерка ѝ е некомфорно при сексот.

Една од најчестите причини за некомфорноста при сексот кај жените е сувоста на вагината и тоа погодува од 20 до 40% од жените на возраст од 17 до 50 години. Сувоста се појавува поради намалено ниво на хормонот естроген во женското тело што води до иритација, чешање и намалена еластичност, па со тоа и некомфорен секс.

Многу жени се срамат да зборуваат за ова со нивните партнери, а понекогаш проблемот лежи токму во односот на партнерот, незадоволителната предигра итн. Дури 42% од жените изјавиле дека причината е што не биле возбудени доволно.

koja-e-prichinata-shto-na-golem-broj-zheni-im-e-nekomforno-za-vreme-na-seks-02.jpg

Проблемот може да биде и поради хормонални проблеми како на пример при доење или земање на одреден вид контрацепција.

Се разбира, сувост на вагината најчесто се јавува кај жените во менопауза затоа што во нивните јајници повеќе не се произведува естроген.

Едно од најлесните решенија за проблемот е лубрикант базиран на масло за време на сексот. Целото искуство ќе биде многу попријатно.

Но, задолжително е и да се разговара отворено со партнерот и да му се каже што точно би требало да прави за да ве задоволи. Тој можеби воопшто не е свесен дека вие не уживате во сексот. Бидете комфорни во врска со своето тело, самоуверени и отворено кажувајте што ви одговара, а што во креветот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg