Безобразна партија шах
Шахот е веројатно последниот спорт за кој би можеле да кажете дека е секси. Всушност многумина мислат и дека воопшто не е спорт. Или барем не за згодни...
...спортисти кои ви го одземаат здивот.
Но, верувале или не, една партија шах знае да биде и тоа како секси, а играчите може да ја завршат играта со врвно задоволство. Сексуално.
Дизајнерот Боби Фишер креирал и тоа како секси црн шах, чии фигури освен што се однесуваат како обичните фигури, служат и како вибратори.
Секоја фигура има единствен дизајн, но кога се во прашање вибрациите, сите имаат еднаков ефект. Сетот се состои од 32 вибратори кои се направени од силикон и плус се позлатени. Овој уникатен шах се продава во најпознатиот секси шоп - Kiki de Montparnasse. За жал, не може секој да си го дозволи бидејќи чини $7.000 долари.
Но, дека шахот може да биде секси и без фигури кои вибрираат ни покажа филмот „Аферата Томас Краун“ од 1968 година. Можеби треба почесто да играте шах, м?