Писмо до девојката која штотуку раскина и мисли дека е крај на светот

Знам дека ти е скршено срцето, дека ти се превртува во стомакот и дека не можеш да сопреш со плачење.

pismo-do-devojkata-koja-shtotuku-raskina-i-misli-deka-e-kraj-na-svetot-01.jpg

Чувствуваш дека цел свет се руши врз тебе. Знам, но ти ветувам дека не се руши.

Само што раскина, чувствуваш дека изгуби сè што имаше и преплашена си да бидеш сама.

Во ред е да се чувствуваш вака.

Стануваш сè потажна затоа што сфаќаш дека личноста која беше секогаш тука, повеќе не е тука. Како ќе си го пополниш времето? Како ќе се справиш сама?

Навикната си на него и на рутините со него и дури како да заборави како е да бидеш сама.

Ќе чувствуваш дека душата ти е уништена, ќе те преплавуваат милион емоции и ќе се преиспитуваш што не е во ред со тебе.

Нема да има ден, а да не се разбудиш со чувството дека нешто ти недостига. Нема ниту магично по неколку дена да се разбудиш и сè да биде во ред.

Но, најдобриот совет е дека времето е вистинскиот лек. Иако ти изгледа дека никогаш нема да го надминеш тоа, ќе го надминеш.

pismo-do-devojkata-koja-shtotuku-raskina-i-misli-deka-e-kraj-na-svetot-03.jpg

Престани да гледаш дека со разделбата ти се распаднал светот, гледај дека еден нов свет се отворил за тебе.

Првпат, по толку долго време, конечно можеш да се фокусираш на себе. На никој друг. Да правиш работи само за себе и за никој друг.

Веќе нема кому да даваш одговори. Нема кого да мислиш. Можеш да бидеш себична.

Да се биде сам не мора да биде страшно, може да биде ослободувачко. Пробувај нови работи, среќавај нови луѓе, стани тоа што сакаш да бидеш.

Сакај се себеси затоа што тоа е најпрекрасната љубов што постои.

И кога ќе научиш да се сакаш, ќе сфатиш дека најдобро е да се потпреш само на себе и еден ден кога ќе сретнеш некој нов, а ќе сретнеш, ќе бидеш на подобро место и подготвена да се вљубиш повторно, затоа што веќе си се вљубила во себе.

Ќе си ја знаеш својата вредност и најважно од сè нема да се потпираш на некој друг за да те направи среќна.

pismo-do-devojkata-koja-shtotuku-raskina-i-misli-deka-e-kraj-na-svetot-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg