Трите универзални одбивни навики, спротивни на законите за привлечност
Како што постојат непишани закони на привлечноста, така постојат и на одбивноста која може да се создаде меѓу две лица. Иако звучи едноставно, овој процес е комплексен.
Сепак, сето тоа може да се сведе на неколку, поточно три навики и карактеристики, кои најголемиот дел од луѓето ги детектираат како одбивни.
Прочитајте кои лични карактеристики, генерално, одбиваат најмногу луѓе. Во ова не се вклучени физичките карактеристики:
Немање смисла за хумор
Ако прашате десет лица за топ 5 квалитети кои ги бараат кај партнерот, кај речиси сите нив хуморот ќе биде во првите три набројани.
Старо истражување од 2009-та уште е валидно, поради сознанието дека дури и оние со просечна смисла за хумор се помалку атрактивни од оние со изразена смисла за хумор, без разлика дали се работи за мажи или жени.
Проблеми со спиењето
Како да не е доволно самото тоа што недостатокот од спиење ве прави уморни и исцрпени, па дури и придонесува да бидете помалку атрактивни за потенцијалниот партнер.
Во истражување во 2010 на група луѓе им биле покажани фотографии од лица кои спиеле 8 часови претходната ноќ и такви кои биле будни повеќе од 24 часови до моментот на фотографирањето. Очекувано, како поатрактивни биле групирани оние кои биле добро наспани.
Мрзеливост
Мрзеливоста не е „квалитет“ со кој можете да се гордеете, а доколку го препознавате кај себе, треба што побргу да се ослободите.
Дури и кај оние кои се физички привлечни, мрзеливоста е главен фактор зошто партнерот би изгубил интерес за нив.
Е. Д. | Црнобело