Караници во врските кои се типични за периодот околу празниците

Празничниот стрес понекогаш може да се префрли и врз меѓучовечките односи, па да предизвика непотребни караници. Многу врски се распаднале токму во овој период.

karanici-vo-vrskite-koi-se-tipichni-za-periodot-okolu-praznicite-01.jpg

Сепак, тоа не треба да ве загрижува бидејќи е сосема нормално, а надминувањето на проблемот зависи само од партнерите и начинот на справување. Ако се чувствувате како единствени на кои сè им се распаѓа во празничниот период, не грижете се, не сте сами.

Овие караници, колку и да се стресни, се сосема типични за периодот околу празниците:

Поминувате помалку време заедно

Прослави од работа, прослави со пријатели, прослави со семејството, шопинг, еуфорија... Сето ова може да предизвика да поминувате помалку време со партнерот, па дури и караница. Обидете се да имате разбирање еден за друг, само на тој начин ќе ги надминете ваквите проблеми.

Се прашувате каде води врската

Помина уште една заедничка година, а вам не ви е јасно што ви се случува. Ова прашање особено доаѓа до израз доколку не можете да се договорите за наједноставни нешта, како што е дочекот на Новата година или избирањето на заедничките подароци.

karanici-vo-vrskite-koi-se-tipichni-za-periodot-okolu-praznicite-02.jpg

Разделување поради семејствата

Додека самите не основате семејство, нормално е секој од вас да сака да ги помине најголемите празници со родителите и браќата и сестрите дома. Не треба да го принудувате партнерот да доаѓа кај вас, ниту пак да подлегнете на неговите барања празниците да ги минете со неговото семејство.

Несогласувања околу парите

Едниот сака дочек во ресторан, а потоа забава во дискотека. Другиот пак, смета дека е подобро да се соберете со друштво кај некого дома. Ни едниот ни другиот не признаваат дека проблемот се парите, па може да излезе банална караница која не води никаде.

Проблеми со сексот

Поради храната и алкохолот во овој период, може да се случи сексот да биде навистина тешка активност. За среќа, сето тоа е минливо, па нема потреба да се расправате околу тоа.

karanici-vo-vrskite-koi-se-tipichni-za-periodot-okolu-praznicite-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg