Како да го направите среќен?
Ако сакате да ја сочувате вашата врска да биде еднакво пријатна како на почетокот, а вашиот партнер да биде среќен и задоволен, мора да се...
...потрудите малку околу тоа. Како да го одржите заинтересиран за вас и подеднакво среќен како да сте тазе заедно?
Следете ги овие совети:
1. Бидете верни. Ако сакате да биде навистина среќен немојте да флертувате со други момци, затоа што ова е пред се знак за непочитување.
2. Насмевнете се кога ќе го видите. Ако навистина сакате да бидете со него, ова ќе ви доаѓа и природно. Но, ако сте нервозни дента не заборавајте дека тој е тука да ви го разубави денот – па насмевнете му се.
3. Кажете му дека го сакате. Без оглед на тоа што ова е факт кој го знае, понекогаш е убаво да го потсетите и да му нагласите.
4. Играјте со него. Повеќето мажи уживаат во видео игри, а уште повеќе ќе ужива ако тоа го сподели со вас.
5. Кажувајте ја вистината. Искреноста е најважна во секоја врска. Не дозволувајте ситни лаги да ви ја упропастат.
6. Исклучете го телефонот. Кога сте интимни, од почит исклучете го телефонот. Не е баш пристојно да си зборите на телефон во овие моменти.
7. Ислушајте го. Најважно е да го слушате што зборува и тоа да допре до вас, дури и ако се работи за нешто кое не сакате да го чуете.