Прашања за сексот и одговорите што сите ги интересираат
Кога паровите ги избегнуваат „срамните“ теми за муабет, нивиот интимен живот нема шанси долго да опстане, предупредуваат експертите.
На многумина им е тешко да разговараат за сексот со партнерите. Затоа помош бараат од терапевтите. Тие ги открија прашањата кои најчесто им се поставувани, како и одговорите што вообичаено ги даваат.
Ова се прашањата за сексот и одговорите кои сите ги интересираат:
Дали играчките се добри или лоши за сексуалниот живот?
„Мноштво луѓе се прашуваат дали секси играчките се корисни, или, пак, можеби ѝ наштетуваат на врската. Од експертите постои само еден одговор. Ваквите реквизити може исклучиво да го подобрат сексот и интимата меѓу партнерите. Тие се полезни бидејќи ќе внесат новини во постелата, го креваат расположението и ги поттикнуваат фантазиите на љубовната двојка.“
Како да му кажам на партнерот што сакам во кревет?
„Прилично е едноставно – тврдат сексолозите. Поразговарајте со саканата личност. Потенцирајте ѝ што точно сакате, или, пак, не сакате во кревет. Нагласете што би сакале, односно не би сакале да испробате во иднина. Не срамете се да кажете и што е она кое посакувате да се подобри во вашиот однос. Како? Најпрво пофалете го партнерот. Што е добро? Што сметате дека е одлично? Покасно започнете со искажување и на своите лични желби и потреби. Притоа, бидете максимално нежни и некритички настроени, бидејќи можно е сериозно да ја повредите втората половина.“
Колку секс е нормално?
„Квантитетот на односите е всушност споредна тема. Поважен е квалитетот на сексот. Според тврдењата на терапевтите, интимизираноста е далеку позначајна од самиот чин. Бакнувајте се, прегрнувајте се и милувајте се што почесто. Потоа сексот ќе си дојде самиот од себе. Сепак, иако зачестеноста не e толку битна, препорачливо е да се води љубов барем еднаш седмично. Во оптимален случај, испланирајте уште еден секс набрзина во текот на неделата, како би ја одржале жарта во врската.“
Бонус совет од терапевтите:
„Напишете и двајцата по три конкретни желби за промена или подобрување на вашиот сексуален живот на хартија. Заменете ги ливчињата, па нека секој партнер одбере по една желба што подоцна заедно ќе ја испробате. Таквата „игра“ практикувајте ја еднаш во месецот. Не само што ќе ви ги освежи интимните односи, туку и ќе ве направи поотворени еден кон друг. А, тоа е предуслов за взаемно задоволство во постелата.“
М. А. | Црнобело