Прекрасниот статус за љубовта на еден српски психолог стана вирален хит
„Направете своевиден рај за нив,најубава градина во која во некоја пролет ќе никне баш тој Цвет... Поради кој вреди да се живее.“
Српскиот психолог Владимир Ѓуриќ е познат по тоа што става креативни статуси на социјалните мрежи. Овојпат тој се обиде да ја објасни љубовта.
Неговиот Фејсбук статус:
„Која е разликата помеѓу „Ми се допаѓаш“ и „Те сакам“
Кога ти се допаѓа цвет, го кинеш,
кога сакаш цвет, секојдневно го полеваш.
Некој кој го разбира ова, го разбира животот.
Мудрост од Буда
И љубовта... би додал јас.
Бидејќи нема подобри дефиниции на љубовта од оваа – дека љубовта е работа на потенцијалите на другата личност.
Тука за љубомората, посесивноста и суетата нема многу место.
Љубовта е давање на сè од себе за неа или него, но давање и слобода, а со самото тоа и одговорност да одлучат дали ќе нè сакаат нас или не и дали кон нас ќе се однесуваат така како што ние посакуваме и како што сме заслужиле со своите постапки... или не.
Бидејќи секој е слободен да се однесува како што сака, но никој не е слободен од последиците на своето однесување... доколку ние сме мудри и рационални.
Исто така...
Во љубовта е важно да ги избегнувате Засекогаш и Никогаш,
Тоа се комплетно ираципонални зборови.
Категорија која не оди со реалниот живот.
Љубовта е, верувале или не,
само сега и овде...
Тоа до душа не оди со планирањето и законодавството, но...
Среќа е кога искусните градинари не отстапуваат така лесно, поради неколку неуспешни пресадувања, неколку исушени билки кои не се развиле во нивната градина, од љубовта кон Цвеќето.
Нивно е да им пружат плодна почва, адекватен простор, сонце, вода, музика и многу труд за Цветовите да може да процветаат во полн раскош.
Ако успее од прва, добро е, ако не решението е во промена на горните параметри,
а не напуштање на работата и откажување од занаетот.
Е сега...
Цветот кој се полева може да биде преубав, но и бодликав, да има лековити лисја, но отровни плодови,
Но, во тоа е убавината на градинарството – да го одберете видот на кој ќе се посветите
лалиња, кактуси, орхидеи, кали, ружи...
Донесете одлука врз основа на вашиот сопствен систем на вредности, искуства, потреби и чувство за убавина...
И станете најдобриот мајстор за нив - градинарот кај кој завршуваат најсреќните примероци од одреден вид.
Направете своевиден рај за нив,
најубава градина
во која во некоја пролет ќе никне баш тој Цвет...
Поради кој вреди да се живее.“
„Koja je razlika između: Sviđaš mi se i Volim te Kada ti se svidja cvet ti ga ubereš. Kada voliš cvet, ti ga svakodnevno...
Posted by Dr Vladimir Djuric on Friday, October 19, 2018
„Koja je razlika između: Sviđaš mi se i Volim te Kada ti se svidja cvet ti ga ubereš. Kada voliš cvet, ti ga svakodnevno...
Posted by Dr Vladimir Djuric on Friday, October 19, 2018
С. С. | Црнобело