Исповед: Жени откриваат во кој момент сфатиле дека на бракот му дошло крај
Разводот веќе одамна не е табу тема и иако некои го прават тоа без причина, сепак има многу парови кои се посреќни ако не се повеќе заедно.
Секако, за да дојде до тоа потребни се повеќе од една причина и паметно да се донесе одлуката.
Но, како ќе знаете кога му дошло крај на бракот? Не треба ни да помислувате на тоа, но жените кои го искусиле ова, велат дека кога ќе дојде, едноставно ќе знаете.
Неколку жени одлучиле да се исповедаат и да споделат во кој момент сфатиле дека бракот е завршен:
„Имавме лош период долго време и постојано му кажував да одиме на терапија за парови. Еден ден додека нашите мали деца си играа надвор, ние бевме во кујна, го погледнав во очи и јасно му кажав:
Во криза сме, потребна ни е помош. Ако не одиме на терапија, ќе завршиме со развод.
Тој ме погледна, не кажа ниту збор и излезе надвор да го средува дворот. Знаев дека тоа е крајот...“
„Кога плачев и велев дека ќе направам сè за да успееме, тој стоеше ладно без да изусти ниту еден збор.“
„Кога тој излезе без мене, повторно... но веќе не ме болеше и ми беше сеедно.“
„Кога веќе не чувствував потреба да се расправам за било што... не чувствував ништо ниту за него. Не вредеше за енергијата која ја имам бидејќи знаев дека е крај.“
„Кога бев со децата да ги посетам родителите, а тој не можеше да дојде. Кога заборави да нè земе од аеродром. Моравме да земеме автобус до дома, а кога влеговме, имаше друга жена со него.“
„Имаше многу знаци кога ќе погледнам наназад. Но, сфатив кога дојдов дома од работа, а тој гледаше филм во нашата дневна соба со пријателка во темница. Тој седеше на каучот, а таа на земја помеѓу неговите колена. Дојде нагоре по мене и сакаше да знае зошто не сум се поздравила со неа...“
„Кога едноставно ми помина мисла низ глава дека не можам да го поминам цел живот вака...“
М. М. | Црнобело