Фрази со кои мажите ги подлажуваат жените + што навистина мислат во тие мигови?
Сите девојки се чувствуваат фино, кога фраерот што им се допаѓа, или, пак, партнерот со кого се во љубовна врска, ќе ги почести со убави зборови на нивна сметка. Но, сте се запрашале ли што всушност се крие зад таквата слаткоречивост?
Жените сакаат кога мажите ги oпсипуваат со комплименти. Жените не сакаат кога мажите им сервираат лаги. А, припадниците на посилниот пол, неретко ги прават двете нешта, заради мир во куќата, или, пак, со некоја комплетно поинаква намера.
Овојпат го анализираме значењето на зборовите кои тие честопати ги изговараат, а во суштина нешто сосема друго им на ум. Што ли навистина мислат во тие мигови?
Ова се деветте фрази со кои мажите ги подлажуваат жените:
1. „Твоите пријателки се супер девојки.“
Ова во превод значи: „Немам проблем повремено да се гледаш со нив, ама само ако е тоа еднаш месечно!“. Шансите дека вашиот партнер ви ги сака сите пријателки се прилично мали.
Поради вас и ваша љубов ќе се дружи со нив. Дури и со оние кои органски не ги поднесува.
2. „И во двата фустани изгледаш прекрасно!“
Така мажот ќе се заштити да не каже нешто несоодветно, а всушност мисли: „Немам поим што би требало да кажам!“. И, тоа е во ред, бидејќи ако ве фати на погрешна нога, па уште и даде погрешен одговор – црно му се пишува, зар не?
Толкава е користа од водењето на саканиот во шопинг. Барем кога се модните совети во прашање.
3. „Ти го обожавам новиот кармин за усни.“
За ова ќе добие дополнителни поени, бидејќи му се допаѓа промената. А, во суштина, тој само ви рекол: „Аха, гледаш ли забележав дека нешто си сменила на себе!“.
Патем, се надеваме дека ова не го кажува и за промената на боја на косата.
4. „Имаш одлична смисла за хумор.“
Него помалку го интересира дали сте комична личност. Повеќе го радува фактот што се смеете на вицевите кои ви ги кажува. Значи, мажот во дадениот миг си мисли: „Конечно најдов девојка што ме смета за духовит.“
5. „Ајде денес да останеме дома!“
Ова не значи ништо друго освен: „Денеска сериозно се надевам на секс!“