Зошто би требало да им дадете шанса на состаноците на слепо?
Мислите дека успешните состаноци на слепо се можни само во романтичните комедии? Време е да почнете да размислувате поинаку.
Имате другарка која ве уверува дека би биле добар пар со нејзин сингл другар, братучед или пријател на нејзиното момче. Идејата да излезете со некој што не го познавате прави да ви се крене секое влакно од косата, но можеби е време да се ослободите од тоа.
Состанокот на слепо, макар и кога е организиран како двоен „дејт“, може да донесе и позитивни резултати. А и никогаш не е предоцна за малку несекојдневна авантура. Исто така, вашата најдобра пријателка сигурно толку добро ве познава што одлично го знае вашиот вкус за мажи.
Една од предностите на состаноците на слепо е што ќе запознаете личност што најверојатно никогаш не би ја сретнале со вашето секојдневно темпо на живеење. Тоа значи дека може да ви биде исклучително интересно, а и не е неопходно тоа да заврши романтично.
Но, не значи и дека нема да биде целосно фијаско. Сепак, е нешто што отскокнува од секојдневните навики, а целата ситуација може да биде доста забавна и да ве орасположи.
Ако состанокот на слепо пропадне, никому ништо! Многу е веројатно дека таа личност нема ни да ја сретнете веќе, па ќе се впуштите во потрага по некој кој повеќе ви одговара. Вистината е дека немате што да изгубите ако се обидете.
Е. Д. | Црнобело