Честитки, ја изгуби девојката која само сакаше да биде твоја
Честитки, ја изгуби девојката која сакаше за биде твоја! Но, како смееше да си дозволиш да изгубиш девојка која вистински те сакаше? Како успеа да изгубиш девојка која се случува еднаш во животот?
Како смееше да оттурнеш од себе некој кој беше подготвен да биде покрај тебе и во најголемите животни бури?
Неа ѝ беше потребна само една причина за да остане. Само требаше да почувствува дека се грижиш за неа. Дека ја сакаш на начинот на кој таа те сакаше тебе. Ѝ требаше само знак дека ќе се потрудиш, дека постои среќна иднина за вас двајцата.
Ти ѝ беше сè што таа сакаше.
Сакаше да има специјално место во твоето срце, како што ти имаше во нејзиното. Таа не се грижеше за твоите грешки од минатото, за падовите, затоа што го гледаше доброто во тебе. Таа знаеше дека никој не е совршен, дека ниту таа е. Но, таа се трудеше, работеше на тоа да биде подобра личност за тебе. Правеше сè за да ги исполни твоите очекувања од неа.
Никогаш не се грижеше за тоа што другите ѝ зборуваат за тебе. Никој не можеше да ѝ ја расипе сликата за тебе.
Сакаше да биде тука за тебе кога времињата беа тешки. Сакаше да ти биде помош, рамо за плачење, најголема поддршка, твоја светлина и причината поради која се собираш секој пат и се бориш против лошото во светот, со неа до себе.
Оваа жена планираше иднина со тебе. Често замислуваше како вие двајцата живеете во топло место кои си го викате дом.
Сакаше само слободно да те сака и да биде сакана.
И сè што требаше да сториш е да ја третираш добро. Требаше да ја третираш со љубов и внимание, да ја цениш и да сочувствуваш со неа – токму како што ѝ вети на денот кога ѝ кажа дека ќе ја сакаш засекогаш.
Но, смешно е колку брзо заборави на ветувањето. Во моментот кога сфати дека таа комплетно ти го предала срцето, заборави на сè што ѝ кажа и на сите ветувања што ѝ ги даде.
Таа ти даде толку многу шанси, повеќе од што заслужуваше. Ти знаеше дека и да потфрлиш, таа ќе ти прости. Таа беше толку фина и трпелива со тебе, но ти почна да ја земаш здраво за готово нејзината прошка.
Таа никогаш не бараше нешто што не можеш да ѝ дадеш. Никогаш не очекуваше да бидеш нешто што не си.
Единствената работа што ѝ требаше од тебе беше да ја сакаш.
Требаше само да ѝ покажеш дека ти значи и да вложиш само мал напор за да остане. Таа го заслужуваше тоа и многу повеќе.
Не успеа да видиш дека таа беше сè за тебе, дека ти беше нејзината надеж, љубов, избор.
Единствената работа за која ти беше добра е да ти го крене егото. Да прави да се чувствуваш попаметен, поатрактивен, поважен.
Ти не успеа да видиш дека таа е најдоброто нешто што можеше да ти се случи. Успеа да ја натераш да биде несигурна во себе. Таа те пушти во својот живот, а ти ја уништи.
Па, честитки, ја изгуби девојката што сакаше да остане!
Но, чекај! Тоа е единствената добра работа што ја направи за неа. Ја пушти да си оди и таа сега е слободна. Повторно е тоа што е. Сега, ќе најде некој кој ќе ја види нејзината вредност додека е со неа, а не откако ќе ја изгуби. И за тоа – честитки!