Секс пози поради кои најчесто се завршува во брза помош
Иако се мошне ретки, повредите за време на интимните односи, навистина се случуваат. И не се воопшто наивни.
Ова го потврдува и истражувањето на докторите од Велика Британија, чиишто резултати се објавени во списанието „Journal of Impotence Research“. Несомнено е дека одредени положби го загрозуваат интимното здравје повеќе од другите.
Врз основа на бројот на повреди што ги предизвикале кај пациентите, издвоени се најопасните пози во сексот. Истите веројатно ќе ве изненадат, но за волја на вистината, тие не се нужно и главните виновници.
Од особена важност се и околностите, поточно ситуацијата во која се наоѓаат љубовниците, како и дали интимниот однос се одвива на некакво невообичаено место.
Комбинацијата од возбуда и нервоза, можно да се заврши со несакани последици за двајцата партнери. Од иритации заради триење, па до прилично незгодни фрактури.
А, секс позите поради кои љубовниците најчесто завршуваат во брза помош се:
Кучешка поза
Најомилената положба на многумина, воедно претставува и најопасната на листата. И тоа од повеќе причини. Пребрзата пенетрација доведува до зголемено триење, кое пак создава модринки и исеченици во вагината.
Но, сепак на поголема опасност се изложени мажите. Според статистиките, дури 41% од повредите за време на сексот настануваат при кучешката поза. Од нив најчестата е фрактурата на пенисот, до која доаѓа поради забивање на половиот орган на погрешно место.
Жената одозгора
Во оваа позиција, пенисот и вагината се во иста положба како и при кучешката поза, па очекувано е да дојде до слични повреди.
Покрај нив, триењето може да предизвика и болка во срамната коска кај двата партнери, а непријатното чувство да потрае некое време. Иако мажите обожаваат кога жената е одозгора, доволно е само едно погрешно движење, за обајцата да ги доведе до долга апстиненција од интимни односи.
Стоечки секс
За партнерите кои не љубители на класичното водење љубов во постела, или, пак, само дента се посебно игриви, сексот во стоечка позиција се чини како вистински предизвик. И навистина е така.
Двојно потежок и покомплициран е за изведба, па иако не доведува до фрактури при самиот однос, како ни повреди поради триењето, истите може да настанат и oд паѓање на подот. А, доколку сексот подолго трае, болките во мускулите се загарантирани следниот ден.
Поза 69
Покрај опасноста од загризување на гениталиите при изведбата на оваа поза, важно е да се напомене и дека таа најчесто доведува до појава на конјуктивитис или ткн. „розово око“.
М. А. | Црнобело