5 несогласувања кои не смеете да ги решавате преку СМС или Фејсбук
Иако се практични, пораките воопшто не се правилен начин за решавање на проблеми во врската.
Во секоја врска некогаш доаѓа до некои несогласувања, кога ни се чини дека е полесно да напишеме порака со објаснување, наместо тоа да го решиме со повик или средба.
Поради тоа, во најширок радиус треба да избегнувате овие ситуации да ги решавате по СМС или со пораки на Фејсбук:
Извинувања
Направивте грешка, дојде до караница и логично е дека ако сакате да го спасите односот, ќе побарате прошка.
Сепак, не правете го тоа со СМС, туку побарајте да се видите и лице во лице да објасните што се случувало. Ова важи и за врските и за пријателствата.
Споделување информации
Без разлика дали се работи за позитивна или негативна информација, секогаш е подобро да бидете физички присутни кога ја кажувате или пак, да го слушнете гласот на соговорникот.
Споделување тајни
Многу е едноставно - за споделена тајна не се остава пишан запис!
Жалење и озборување
Ако сте изнервирани од нечија постапка, не го изразувајте тоа во порака. Не го правете тоа ниту ако треба да се пожалите од некого или ако озборувате. Исто како и за тајните, не оставајте пишани траги кои можат да бидат искористени против вас.
Навреди
Воздржете се од навреди преку социјалните мрежи или СМС-пораки. Никогаш не е пријатно повторно да се читаат тие зборови, дури и ако сте го решиле проблемот со другата личност.
Е. Д. | Црнобело