Методи кои ги применуваат само луѓето во долг и среќен брак

Ниту еден брак не е совршен, но партнерите мора да најдат начин како да го одржуваат односот здрав, да имаат разбирање и засекогаш да успеваат да ги надминуваат кризите.

brachni-problemi-koi-pametnite-parovi-uspeshno-gi-nadminuvaat-koi-se-nivnite-metodi-01.jpg

Кризите се неизбежни, но ако имате начини на кои може да ги пребродите, тогаш не е важно колку се големи.

Не се работи само за среќа, постојат многу други фактори кои играат клучна улога за долг брак полн со љубов и разбирање.

Успешните парови споделуваат кои се нивните тајни методи со кои се справуваат кога ќе наидат на некои од најчестите пречки и проблеми во бракот.

Погледнете и искористете некое решение за следниве проблеми:

Вишок килограми стекнати во бракот

Што да правите: Заедничкото слабеење е многу полесно, бидејќи постојано имате некој покрај себе кој ви е поддршка и заеднички успевате да се соочите со тоа и да водите здрав животен стил. Возење велосипеди до работа и во слободно време, пешачење навечер и слични заеднички активности се идеални.

brachni-problemi-koi-pametnite-parovi-uspeshno-gi-nadminuvaat-koi-se-nivnite-metodi-02.jpg

Раѓањето деца води до финансиска криза

Што да правите: Наместо да се соочите со големи финансиски трошоци кога ќе добиете деца, почнете да штедите долго пред да дојде првото дете за да ви се олеснат барем првите основни трошоци. Исто така, можете да купите количка и други реквизити на старо или да позајмите од некој близок, со што многу ќе заштедите.

brachni-problemi-koi-pametnite-parovi-uspeshno-gi-nadminuvaat-koi-se-nivnite-metodi-03.jpg

Конфликти со мајката на партнерот

Што да правите: Иако не мора да значи дека ќе имате конфликти, за однапред да ги избегнете, најдобро е да живеете одвоено. Можеби на почетокот ќе биде потешко да бидете сами и независни, но ќе вреди. Сепак, ако немате таква можност и мора да живеете заедно, користете дипломатски вештини и имајте стратешки однос за да не настанат конфликти.

brachni-problemi-koi-pametnite-parovi-uspeshno-gi-nadminuvaat-koi-se-nivnite-metodi-04.jpg

Различен поглед на трошење пари

Што да правите: По свадбата, приходите почнуваат да се спојуваат и заедно да раководите со финансиите, но многу е важен пристапот да ви е ист. Сепак, доколку ви е различен, мора да поставите приоритети – дали сакате да штедите, дали ќе инвестирате во нешто, какви ви се плановите за одмори, за пазарење и слично, бидејќи одењето во крајности никогаш не е добро.

brachni-problemi-koi-pametnite-parovi-uspeshno-gi-nadminuvaat-koi-se-nivnite-metodi-05.jpg

Ве нервираат навиките на партнерот

Што да правите: Прифатете ги. Потсетувајте се дека тие го прават уникатен вашиот партнер и научете да ги почитувате навиките кои ги стекнувал, а не заборавајте и дека вие имате некоја навика која на него му оди на нерви.

brachni-problemi-koi-pametnite-parovi-uspeshno-gi-nadminuvaat-koi-se-nivnite-metodi-06.jpg

Ви станува здодевно

Што да правите: Приоритетите на паровите кои се во брак се различни од оние кои тукушто стапиле во врска. Сега имате заеднички домашни обврски, двајцата мора да се враќате дома, заеднички проблеми, трошоци, деца, грижи и слично. Затоа е важно секогаш да дискутирате за ова и да наоѓате време и начин за романтичен состанок, прошетка, патување и други активности со кои ќе си го исполнувате времето наместо да тонете во проблемите и монотонијата дома.

brachni-problemi-koi-pametnite-parovi-uspeshno-gi-nadminuvaat-koi-se-nivnite-metodi-07.jpg

Различен распоред на спиење

Што да правите: Различниот биоритам и навиките за спиење или будење не треба да бидат причина за нарушување на односите во бракот. Доколку не може едниот да се промени, тогаш научете како да живеете со тоа и додека вашиот партнер спие, а вие станува порано, завршете ги сите ваши обврски за подоцна да имате повеќе време за вас и семејството.

brachni-problemi-koi-pametnite-parovi-uspeshno-gi-nadminuvaat-koi-se-nivnite-metodi-08.jpg

Домашните обврски не се правилно распределени

Што да правите: За да не дојде до забуна при распределбата на домашни обврски, разговарајте за нив уште пред бракот, направете си однапред договор како ќе си ги поделите задачите, дали ќе се придржувате до стереотипите или двајцата исто ќе си ги распределите обврските.

brachni-problemi-koi-pametnite-parovi-uspeshno-gi-nadminuvaat-koi-se-nivnite-metodi-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg