Знаци кои покажуваат дека вашата врска е „исфорсирана“ и токсична

Некогаш навистина е време за крај, иако ниту еден од партнерите не е подготвен тоа гласно да го признае.

7-znaci-deka-vashata-vrska-e-isforsirana-01.jpg

Во секоја врска има и караници и тие се сосема нормални, сè додека постои желбата заеднички да бидат надминати.

Но, доколку истите проблеми се повторуваат и компромисите се само еднострани или воопшто не постојат, тогаш прашање е зошто воопшто сте во таа врска, кога е токсична и за двајцата. Понекогаш, партнерите остануваат заедно само затоа што долго време се во врска и се навикнати едни на други и уште полошо, затоа што се плашат да бидат сами.

Доколку одамна е изгубен интересот меѓу партнерите, секој обид повторно да се разгори искрата може да биде фрустрирачки неуспешен.

Прочитајте ги следниве знаци и повторно преиспитајте ја вашата одлука да останете со партнер само поради тривијални причини, како што се навиките и долгото време поминато заедно:

1. Колку секој од вас придонесува во врската

Кога некоја врска е на стаклени нозе или пред распад, придонесот во нејзиниот квалитет станува непропорционален. Така, едниот од партнерите бара компромиси во негов интерес, а другиот ги дозволува мислејќи дека така помага.

На крајот добиваме две личности полни со фрустрација поради тоа што не можат да го подобрат квалитетот на својата врска, а избегнуваат да си го признаат очигледното еден на друг.

7-znaci-deka-vashata-vrska-e-isforsirana-02.jpg

2. Колку често си се проверувате еден со друг

Во здрава врска сосема е нормално да се чуете 2-3 пати во текот на денот или да си пишете по некоја слатка порака. Но, во изнасилените врски ситуацијата е поинаква.

Овие личности ќе се слушаат во точно определено време, ќе си пишуваат пораки, нема да го почитуваат времето на другиот, ќе си пречат еден на друг со пораките и повиците и сето тоа поради намалената доверба во партнерот или во својата самодоверба.

3. Компромиси околу малите нешта

Ако вие сакате бургер, а партнерот пица, нормално е еден да попушти и да се направи компромис. Но, внимавајте од чија страна доаѓа компромисот и колку вие морате да трпите за вашиот партнер да биде задоволен.

4. Чести недоразбирања

Караниците и недоразбирањата се нормални за секоја врска и додека успевате да излезете на крај со таа ситуација, тогаш сè е под контрола.

Но, секојдневните караници и расправии кои се повторуваат дури и откако сте му објасниле на партнерот што точно се случува и каква е реалната ситуација, сериозно ја загрозуваат врската. Во овие случаи не важи старата „кој се кара, тој се сака“, особено доколку сето тоа премине во лична пресмета и почнат да се вадат „низ нос“ нешта што со години биле буткани под тепих.

7-znaci-deka-vashata-vrska-e-isforsirana-03.jpg

5. Караници поради сексот

Еден од најкритичните црвени аларми е наглото несогласување околу сексот, иако до пред само еден месец сè било во ред.

Доколку еден од партнерите постојано избегнува да има секс подолг период или целосно се откажува од него, тогаш почнете реално да ги согледувате нештата и да се помирите дека таа врска пропаѓа.

6. Несогласувања за иднината

Едниот замислува заеднички живот во сопствен дом, додека другиот не сака да мрдне од домот на родителите. Вистина е, разговорите околу плановите за иднината може да бидат страшно непријатни, бидејќи токму од нив сè гледа кон каде води таа врска.

Исто така, различните лични планови се клучни во тоа дали вреди да се борите за таа врска. Доколку секој обид за ваков разговор завршува со расправија, тогаш многу е веројатно дека нема да ги усогласите ставовите ниту во блиска иднина.

7. Заеднички поминатото време

Секако дека не треба да си бидете лепенки еден на друг, но не треба ниту да се запоставите целосно. Почитувајте го личното време на партнерот, но доколку забележите дека сте запоставени, обидете се да разговарате за да дознаете каде лежи проблемот.

Но, ако вашиот партнер прави љубоморни сцени дури и кога сте излезени со семејството или пак, го ограничува периодот од денот во кој смеете да го барате за гледање, тогаш постои многу подлабок проблем, кој бара да биде итно решен.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg