23 знаци дека сте пар кој ги иритира сите околу вас
Искажувате интимни чувства на социјалните мрежи
Секој. Ден. Без некој посебен повод или причина (годишнина, роденден, некој друг успех), вие постоите на светот само поради една причина – да му покажете колку сте вљубени на Фејсбук, Инстаграм и Твитер.
Секоја мала караница ви е мини-драма и крај на светот
Секако, сите мора да дознаат за кавгата која е прилично банална. Но, тука е крајот на врската, вие сте убедени во тоа. Дури и се лутите доколку другите не ве сфаќаат сериозно (бидејќи ова е десеттата слична кавга месецов, по која следи уште побурно помирување).
Си ги довршувате речениците еден со друг
На почетокот можеби делува симпатично, а подоцна е заморно за слушање.
Одите постојано заедно во шопинг
Секогаш! Не можете да изберете нешто без него и гордо се фалите како маж ви не може да си купи гаќи без вас. За промена, одете сами во шопинг и купете си нешто кое ви се допаѓа вам, без да барате одобрување од партнерот. Вие ќе го носите фустанот, не тој!
Откажувате дружби со пријателите за да бидете заедно
Иако веќе – сте заедно. Постојано заедно. Кога конечно сте се договориле после не знам колку месеци да се видите со другарките, вие решавате да останете дома, бидејќи кутриот кренал температура, цели 37.8 степени.
Ги тешите пријателите дека и тие ќе најдат некого
Бидејќи вие ја завршивте таа најтешка задача на светот, па ред е и другите да запливаат во базенот на љубовната среќа и хармонија. „Офф, не грижи се, за секое грнче има капаче“.
Се довикувате еден со друг само со прекари
„Срцкото, Бувче мое, Среќо, Мацулка, Душичка, Медена, Секси…“. Треба да продолжиме? Си имате нормални имиња. Користете ги.
Тука некаде е и лигавото бебешко зборување – „Гу-гу, сЛцка моа…“.
Се расправате пред пријателите
Константно го упропастувате излегувањето на сите околу вас во обид да ги вовлечете во вашите психолошки драми кои очигледно не можете да си ги решите дома.
Постојано зборувате за вашиот сексуален живот
Да, јасно е дека имате редовно секс, никој не паднал од Марс. Мора ли само да ги слушаме константно вашите сексуални авантури, дури и кога јадеме?
Ги издавате тајните на пријателите
Бидејќи дури и она што ви е кажано во најголема доверба и ви е јасно назначено дека не смеете да го споделувате, вие МОРА да му го кажете на партнерот? Бидејќи тој е вашата сродна душа… а вие не знаете да чувате тајна и не знаете да бидете лојален пријател.
Употребувате интерни шеги кога сте во друштво
Нешто на кое само вие му го знаете тајното значење, некој ситуација или шега која само вам ви е смешна… и упорно го правите истото. Сите други бледо зјапаат и се обидуваат да го дешифрираат значењето на вашата космичка поврзаност.
Прославувате безначајни „годишнини“
„Среќни 100 дена заедно“. Среќна полумесечнина. Честита 7-месечнина откако за прв пат водевме љубов“.
(О)Милена | Црнобело