23 знаци дека сте пар кој ги иритира сите околу вас
Да, ова е свет во кој секој може да прави што му е по волја. Но, тоа не значи дека постапките се правилни или дека не предизвикуваат непријатност и нервоза во околината.
Дали сте пар кој ги иритира другите? Дали тоа го правите (не)намерно или воопшто не сте свесни за своите постапки?
Според истражувањата, потврдени се многу знаци кои утврдуваат дека сте антипатичен пар кој ја иритира околината:
Се дружите исклучиво само со партнерот
„Тој ми е најдобар пријател, советник, психијатар, љубовник… сè во едно“.
Доколку немате ниту еден најдобар пријател/ка, и вашиот свет почнува и завршува само со партнерот, време е да се преиспитате. Бидејќи нешто не е во ред со вас.
Се облекувате идентично
Внимавате да сте координирани во стилот и секогаш складно облечени.
Во ред, јасно е дека едниот не може да излезе дотеран од дома, а другиот партнер како да тргнал на лупење пиперки, но доколку се опседнувате со слични дезени, иста марка маици или чевли, како и идентични бои на облеката по секоја цена, на секаков тип на пригода… не сте симпатични.
Бонус: Имате постелнина обележана со нејзина/негова страна (нејзината е секако поголемата), чашки со Mr. Right и Mrs. Always Right… и многу други бизарни орнаменти со кои индустријата печали на парови како вас.
Барање дозвола од другиот… за секоја мала ситница
„Да купам овошје, може? Ќе ти пречи ако излезам со другарките? Смеам да си купам нови патики?“ Да, за некои работи е добро да се консултирате со партнерот, но не и за секоја мала ситница – дали да се купело бел или црн леб.
Вие сте возрасни, заработувате и треба да сте доволно самостојни – пресечете сами.
Постојано велите „НИЕ“ наместо „ЈАС“
„Многу ни се допадна филмот… ние навистина сакаме да јадеме луто. Ние не сме по пладневната дремка, повеќе сакаме да пешачиме после ручек“.
Вие сте пар, секако дека имате омилени заеднички работи и навики. Но, прилично иритантно е кога постојано зборувате во множина, наместо еднина. Оддавате чувство како да си немате сопствен живот.
Секаде одите заедно
Вечер кога излегуваат само жени. Вечер кога излегуваат само мажи. Роденден на колешка каде што апсолутно нема потреба од присуството на партнерот (кој веројатно не бил ниту планиран како гостин).
Не постои ниту една прилика во која одите некаде одвоени, сами, без партнерот. Потајно ве нарекуваат слепи црева, сијамски близнаци и не – никој не ви љубомори на оваа лоша навика.
Игнорирате сè околу вас за да вратите на пораката од партнерот
Бидејќи светот ќе запре доколку тој/таа не добие порака повратно во истиот момент по испраќањето. Не е важно дали сте во кино, излезени со другарките, славите роденден или сте можеби на депилација.
Мора да се одговори на пораката веднаш, инаку љубовта ќе испари. Воедно, се допишувате еден со друг дури и кога сте излезени заедно.
Ги опишувате вашите идни (неродени) бебиња
Оваа ситуација прави на сите околу вас да им биде непријатно и не знаат како да реагираат. Убаво е да се направи мала шега за сметка на децата кои ќе дојдат во иднина.
Не е убаво да се проектира целата иднина и да се зборува со часови за капата на „неродениот Петко“.
Се храните еден со друг
И тоа, исто така, трае со часови и немате никаков осет за ситуацијата и околината во која се наоѓате. Нема ништо лошо кога ваквите работи се прават во интимата на сопствениот дом додека сте сами. Дури можеби е и малку романтично.
Кога екстериерот е детски роденден или свадба… помислете два пати пред да ставите пилешко прсте во устата на саканиот.
Се поистоветувате со славни двојки
„Сакам да ме гледаш онака како што Канје ја гледа Ким“. Дури и Ким и Канје немаат 16 години повеќе.
Ги терате сингл пријателите да одат на двојни состаноци со вас
Бидејќи вие сте ја имале среќата да пронајдете со партнерот и сте во пар – зошто тоа не би го сториле со сите сингл луѓе околу вас? Зошто да не ги спарите?
Договарање состаноци на „слепо“ во обид да ја поврзете колешката со сингл другарот на партнерот кои очигледно не си одговараат, ама мора по секоја цена да видат колку е убава љубовта. Како на пример, вашата.
Секој разговор го вртите околу вас двајца
Нема кој не ја слушнал приказната како сте се запознале, па кога сте решиле да го запознаете другиот со родителите… па како ве побара за жена… и на сите им е преку глава.